Да бидеме реални, време е вие и шеќерот да направите мала пауза. Сите ги знаеме опасните ефекти врз здравјето кои тој може да ги предизвика, па токму затоа одвреме-навреме е добро малку да го одморите вашето тело од него.rnrn
rnrnБидејќи не секој може да го издржи постепеното одвикнување, понекогаш многу поуспешно е доколку го направите тоа одеднаш. Неколку истражувања покажале дека доколку нагло се откажете од внесувањето шеќер, најголемите последици, како главоболката, лошото расположение и потребата за шеќерот, се повлекуваат во период од 7 дена. Токму затоа погледнете го овој 7-дневен план за детоксикација кој ќе ви помогне полесно да го исфрлите шеќерот од вашиот живот.rn
Ден 1
rnПојадок: 3 јајца + спанаќrnrnУжина: Боровинки + сирови бадемиrnrnРучек: Рукола + туна + маслиново масло + оцетrnrnВечера: Зеленчук пржен во малку масло + стекrn
Ден 2
rnПојадок: Зелено смудиrnrnУжина: МакадамииrnrnРучек: Авокадо +ситно сецкано пилешкоrnrnВечера: Лосос + грашокrn
Ден 3
rnПојадок: Вегетаријански омлетrnrnУжина: Црно кафе со млеко и путерrnrnРучек: Хумус + краставициrnrnВечера: Сендвич со пилешко и марулаrn
Ден 4
rnПојадок: Варени јајцаrnrnУжина: Јаболка + путер од бадемиrnrnРучек: Огромна вегетаријанска салатаrnrnВечера: Стек + 1/2 печен сладок компирrn
Ден 5
rnПојадок: Зелено смудиrnrnУжина: Житни плочкиrnrnРучек: Туна + краставициrnrnВечера: Спанаќ и киноа подготвени во пилешка супаrn
Ден 6
rnПојадок: Кајгана со сланинаrnrnУжина: Житни плочкиrnrnРучек: Авокадо + киноа + домати + сол и биберrnrnВечера: Сендвич со стек и марулаrn
Ден 7
rnПојадок: Комбуха + сирови бадемиrnrnУжина: 1/2 авокадоrnrnРучек: Хумус + морковиrnrnВечера: Пилешко + салата со рукола и боровинкиrnrnДоколку го следите овој план за детоксикација, тогаш потребни ви се и следниве неколку совети со цел да имате подобар успех…rnrn1. Одмарајте се. Веднаш по вечерата подгответе се за спиење. На тој начин потребите за благо кои се јавуваат во текот на ноќта ќе бидат намалени до минимум. Исто така доколку му дозволите на вашето тело да се одмори подобро, тоа нема да бара други начини на зголемување на својата енергија.rnrn2. Имајте постојано ужина покрај вас. Сировите лешници и бадеми се одлични борци против потребата за благо во текот на денот.rnrn3. Пијте вода. Одржувајте го вашето тело хидрирано, особено оваа недела додека сте на овој план за детоксикација. Покрај водата, можете да пиете и незасладен чај.