Откако ќе поминат некое време во врска, мажите почнуваат да размислуваат за заедничка иднина со жената која ја сакаат и едно од најбитните прашања кое си го поставуваат е дали таа може да биде добра мајка за нивните деца. Експертите упатуваат на шест знаци кои треба да ги побарате кај неа за да знаете со каква потенцијална мајка сте во врска.rnrn
rn
1. Дали се интересира за деца?
rnДевојките кои ќе се претворат во добри мајки уште пред да имаат деца искрено се интересираат за нив. Сакаат да си играат со децата на нивните браќа, сестри или пријатели и добро си поминуваат со нив. Тие можат да бидат забавни мајки за нивните деца.rn
2. Дали знае да се поврзе со децата?
rnТаа лесно се поврзува со дечињата. Иако не се нејзини, тие ѝ веруваат, слободни се со неа и лесно се поврзуваат. Ако тоа не се случува, идната мајка би можела да биде обесхрабрена во мајчинството.rn
3. Дали е трпелива и сочуствителна со децата?
rnПостоењето на самиот интерес за децата не е доволен за да се предвиди дека некоја девојка ќе биде добра мајка. Потребно е таа во односите со нив да покаже емпатија и да биде трпелива. Со овие особини нема да експлодира кога ќе го види својот двегодишен син како си игра со брашното на подот на кујната знаејќи дека треба да чисти иако е изморена. Во тој момент таа треба да покаже разбирање за начинот на кој размислува детето и да биде трпелива со него.rnrn
rn
4. Дали имате ист поглед во врска со начинот на одгледување деца?
rnВо ред е ако имате одредени разидувања кои не се големи, но ако таа смета дека смее да го удри детето од „педагошки“ причини, тогаш сигурно треба да размислите дали сакате таа жена да биде мајка на вашето дете. Разликите, доколку постојат, треба да бидат такви што ќе ви овозможат постигнување компромис кога ќе решавате на кој начин ќе го наградувате или казнувате детето.rn
5. Каков личен систем на вредности има таа?
rnУбаво е ако е забавна, но морате да бидете сигурни и дека поседува морални вредности кои овозможуваат добро мајчинство. Потребно е таа да биде грижлива, а истовремено и да се обидува да воведе дисциплина и амбиција во животот на детето за да може тоа да успее понатаму.rn
6. Дали е флексибилна?
rnТаа ќе има одредени планови, но мора да биде флексибилна кога интересот на децата е во прашање. Децата понекогаш се разболуваат или им треба помош во врска со училишниот материјал, а таа, како и таткото, ќе мора да се приспособи на нивните потреби.