Сопствениците на тробојни или калико мачки многу добро знаат колку се посебни нивните миленици, а една занимливост ги прави овие убавици уште поинтересни животни.rnrn
rnrnИмено, тробојките обично се само женки и според статистичките податоци, само една од 3.000 мачки е мажјак и има повеќе Х-хромозоми, што значи дека станува збор за генетско нарушување и обично тие се стерилни.rnrnТробојноста на овие мачки се должи на фактот што црната и портокаловата боја се пренесуваат од Х-хромозомите, па бидејќи женките имаат два Х-хромозоми, само тие можат да имаат и жолта и црна боја, додека информациите за белите влакна се наоѓаат на сосема друг ген.rnrnТробојните мачки се најчесто црно-бели мачки со жолта нијанса, но може да има и други комбинации на бои.rnrnИсто така, за тробојните мачки се вели дека имаат специфичен карактер и претставуваат најголем предизвик за своите сопственици. Од друга страна, тие се сметаат за волшебни миленичиња поради нивната способност да ја претворат негативната енергија во домот во позитивна.rnrnДали знаете зошто мачките мразат вода?
Занимливости за тробојните мачки што ги прават овие убавици уште поинтересни
