Секој сака да има вистинска љубов во животот, но колкумина всушност имаат можност да ја искусат? Таа може да биде убава работа, но може и да биде пропратена со болка и тага. Во продолжение прочитајте ги суровите вистини за љубовта кои морате да ги прифатите.rnrn
rn
1. Верувајте им на другите кога ќе ви кажат дека не сакаат да бидат во врска
rnДоколку ви одговорат дека не можат да излезат со вас поради одредени причини, најверојатно учтиво се обидуваат да кажат дека не се заинтересирани за нешто сериозно со вас.rn
2. Само затоа што вие не си играте игри не значи дека другите не играат
rnКога станува збор за запознавање, најдобрите од нас го практикуваат правилото – однесувајте се со луѓето како што вие сакате да се однесуваат со вас. Сепак, тоа не значи дека луѓето ќе ве третираат со подеднаква учтивост како што вие ги третирате нив.rn
3. Колку побрзо сфатите што чувствувате кон одредена личност, толку побрзо ќе знаете како да постапите во врска со тоа
rnМожете да ги игнорирате вашите чувства, но кога-тогаш тие ќе излезат на површина. Сепак, иако не треба секогаш да се раководите според нив, од голема важност е да бидете искрени со самите себе.rn
4. Секогаш ќе сакате одредена личност иако таа не го „заслужува“ тоа
rnДали љубовта е избор или не? Ова е прашање на кое е тешко да одговориме со сигурност. Секако, на крајот вие самите одлучувате со кого сакате да бидете, под претпоставка дека и другата страна ќе ве избере вас.rn
5. Можете да ја запознаете „совршената личност“, но таа сепак не може да биде „подготвена“ за вас
rnВо овој случај не станува збор за тоа дали ѕвездите ви се наклонети или не, едноставно другата личност не е подготвена да се жртвува за вас во моментов, а вие морате да го прифатите тоа. Сепак, не е добра идеја да ја „чекате“ личноста бидејќи некои луѓе никогаш нема да бидат подготвени за вас.rn
6. Ако е навистина тешко на почетокот не значи дека понатаму ќе биде полесно
rnДобрите филмови и книгите нè убедуваат дека мора да ги надминеме тешките работи за да бидеме со некого. Сепак, во реалноста и не е баш така. Ова не значи дека не треба да вложите труд, но доколку увидите дека е потребен поголем труд од вообичаено, можеби би било подобро да се откажете уште од почетокот.rnrnOткако ги прочитавте суровите вистини за љубовта, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 романтични филмови ја прикажуваат љубовта каква што е навистина.rnrnИзвор: themindsjournal.com