Автор: Ивана ГрујоскаrnrnСите потајно посакуваме нашиот шеф да скрши нога, па да бидеме раат барем неколку дена. Но, што ако имате среќа (или несреќа) да работите за овие луѓе? Секако, она што го работите е вашата работа од соништата, платата е и повеќе од одлична, ама… Следува листа на најлошите ТВ шефови што не дај Боже да ги имате во реалниот живот.rnrn
1. Бади Акермен – Пливање со ајкули
rnТип шеф: психосадистrnrnНема ништо како шеф, кој ужива да ве мачи во секој дел од денот и ноќта. Холивудскиот продуцент Бади Акермен, игран со ентузијазам од Кевин Спејси, го злоупотребува неговиот помошник Гај (Френк Вели) толку често, што тој конечно е принуден да бара начин да му се одмазди на Бади.
rn
2. Бил Ламберг – Деловен простор
rnТип шеф: бесмислен микроменаџерrnrnЛамберг е шеф кој сака бескрајно долги белешки, документи и виси над вас, барајќи да дојдете на работа за време на викендите за да надокнадите. Гери Кол го доловува карактерот на шефот со фрази како: „Што се случува?“ и „Ааа“?
rn
3. Лорд Волдеморт – Хари Потер
rnТип шеф: чисто зло од волшебникrnrnНавистина, мора многу да нечиниш за да бидеш Смртојад. Со лице на змија, Лорд Волдеморт (Ралф Фајнс), не толерира грешки или несогласување во каква и да било форма. И секој што ќе ги изневери неговите очекувања е упатен на „смрт“ во Смртојад.
rn
4. Г-дин Барнс – Симпсонови
rnТип шеф: злобен барон и крадецrnrnАх, г-дин Барнс. Ексцентричниот милионер раководи со електраната во Спрингфилд, затворен во неговата палата, опкружен со своите пари, понижувајќи ги неговите работници. Единствен вработен кој му се восхитува е Смитерс, неговиот лојален помошник, советник, човек од доверба и таен обожавател.
rn
5. Миранда Присли – Ѓаволот носи Прада
rnТип шеф: психолошки злоставувачrnrnПортретирана од Мерил Стрип, безмилосниот уредник на моден магазин Миранда, раководи од шефовската позиција по пат на застрашување, со што нејзините вработени се принудени да се движат како по јајца. Но, таа исто така знае да ја цени интуитивноста и способноста и ги наградува оние кои тоа го покажуваат, особено нејзиниот асистент (Ен Хатавеј).
rn
6. Френклин Харт – Девет до пет
rnТип шеф: сексистичка свињаrnrnТолкуван од Дабни Колман, г-дин Харт е еден ужасно лош шеф, кој ужива да ги понижува и сексуално да ги малтретира жените кои работат со него. Но, кога на жените (Лили Томлин, Џејн Фонда и Доли Партон) ќе им дојде преку глава, г-нот Харт си ја добива својата, и тоа како, заслужена казна.
rn
7. Дарт Вејдер – Војна на ѕвездите
rnТип шеф: мајстор за заплашувањеrnrnСериозно, само погледнете го. Целиот приказ на Дарт Вејдер и начинот на кој се однесува, го плаши до смрт секој кој доаѓа во контакт со него. И фактот дека тој може и да ги убие своите подредени со помош на темната страна на силата, само додава дополнителен страв.
rn
8. Капетан Квиг – Бунтот Кејн
rnТип шеф: параноичен шизофреничарrnrnКога сте капетан на морнарската фрегата за време на Втората светска војна, навистина не е време да се обвини вашата екипа за кражба на јагоди и да губат време и напор за започнување истрага. Меѓутоа, капетан Квиг не го гледа тоа така. Маестрално портретиран од Хемфри Богарт, тој е вистински лудак од командант.
rn
9. Мајкл Скот – Канцеларијата
rnТип шеф: неефикасен менаџерrnrnМајкл мисли добро (во поголемиот дел од времето), но неговата нарцисоидност и кукавичлук му стојат на патот на правилното менаџирање на своите вработени. Од сите актери кои го играа овој лик, сепак името Мајкл Скот секогаш ќе биде нераскинливо поврзано со брилијантната игра на Стив Карел.
rn
10. Маргарет Тејт – Предлогот
rnТип шеф: жена-змејrnrnСекој работодавец кој го присилува својот асистент да се ожени со неа само за да може да добие зелена карта не е многу добар. Иако издавачот Маргарет (Сандра Булок) и нејзиниот подреден Ендрју (Рајан Рејнолдс) на крајот испаѓа дека се еден за друг, почетното барање ја става Маргарет недвосмислено на листата.
rn
11. Луис де Палма – Такси
rnТип шеф: морално предизвикувачки мудрецrnrnГлавниот диспечер на такси компанијата „Сонце“, Луис, го поминува најголемиот дел од своето време играјќи си суд во внатрешноста на неговата диспчерска кабина и разменувајќи пцовки со возачите. Игран од страна на големиот Дени де Вито, ништо не е под овој човек, па така, Луис нескриено ужива во своите злодела.
rn
12. Кетрин Паркер – Вработени девојки
rnТип шеф: корпоративен забивач на нож во грбrnrnКетрин (Сигурни Вивер) е еден од оние корпоративни алпинисти кои не се двоумат да ги повлечат оние под нив за да го добијат она што го сакаат. Итрата работа во врска со Кетрин е што таа ја наведува Тес (Мелани Грифит), нејзиниот асистент, да мисли дека таа е на нејзина страна, дека се во ист тим, кога јасно се гледа дека не е баш така. Тес дознава и успева да ја победи Кетрин во сопствената игра.
На оваа листа задолжително мора да ги додадеме и тројцата ужасни шефови, кои во истоимениот филм ги играат Кевин Спејси, Џенифер Анистон и Колин Фарел.rnrnКога ќе погледнете од оваа перспектива, што би рекле за вашиот шеф?rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
