Љубовните врски понекогаш се комплицирани. Сите парови наидуваат на различни пречки и не постојат врски без проблеми. Доколку сакате вистински љубовни приказни што ги прикажуваат љубовните врски со сите компликации и тешкотии, погледнете ги следниве 5 филмови.rn
1. „Како луд“ („Like Crazy“)
rnhttps://youtu.be/RSemWtNXYT8rnrnСе прашувате со какви проблеми се соочуваат паровите што имаат врска на далечина? Овој филм ќе ви одговори на тоа прашање. Приказната започнува со романтично вљубување на прв поглед, кое многу брзо се претвора во страдање и исчекување што нема крај. Што се случува кога Англичанка и Американец ќе се вљубат лудо еден во друг и одлучуваат да ги прекршат барањата за виза? Различни временски зони, пропуштени повици, оддалеченост и одвоени животи кои е многу тешко да се поврзат.rn
2. „Сината е најтопла боја“ („Blue is the Warmest Color“)
rnhttps://youtu.be/EO0abB6gJEwrnrnДали некогаш ви се случило да се оддалечите од блиска личност затоа што едноставно започнавте да се развивате со различно темпо и во различни насоки? Иако тоа е сосема нормална животна појава, разделбата е ужасно болна кога се случува помеѓу луѓе што се сакаат. Овој филм е приказна за првата љубов, за истражувањето на сексуалноста, за хомофобијата, за стравот од осуда, за разликите и за созревањето.rn
3. „Вечното сонце на беспрекорен ум“ („Eternal Sunshine of the Spotless Mind“)
rnhttps://youtu.be/GBEke6JixyErnrnНе постои личност која не сакала да ги избрише спомените што ја потсетуваат на поранешната љубов за време на болното раскинување. Во овој филм е можно тоа и ќе откриете што се случува кога некој ќе одлучи да го избрише споменот на големата љубов. Оваа надреалистична бајка на многу реален начин го покажува страдањето низ коешто секој поминал по раскинувањето.rn
4. „Само ти“ („Only You“)
rnhttps://youtu.be/D6R_HGs4qgwrnrnПриказната започнува идилично, маж и жена се обидуваат да влезат во истото такси и одеднаш се вљубуваат. Наскоро одлучуваат да живеат под ист покрив и да го прошират семејството, а потоа почнуваат да се појавуваат проблемите. Овој филм совршено покажува колку тешките периоди од животот може да влијаат и да предизвикаат сомнеж дури и врз најголемата љубов.rn
5. „Тажна врска“ („Blue Valentine“)
rnhttps://youtu.be/aILx69WrRhQrnrnОвој филм е еден од најтешките и најтажните филмови што некогаш ќе ги гледате. Преплетувањата на сцени од среќни денови со сцени од тешки периоди ќе ви го скршат срцето. Оваа љубовна приказна ќе ве потсети колку се кревки врски ако не се трудите доволно.rnrnПогледнете ги овие романтични комедии што ќе ве натераат повторно да верувате во љубовта.
