Со појавувањето на селфи фотографиите ние повеќе не сме си најголеми критичари на себеси туку најголеми обожаватели. И тоа е супер… сѐ додека не ја преминеме границата. Иако да се прифаќаме и сакаме себеси е прекрасно и нешто што сите треба да го правиме, некогаш работите ги извртуваме премногу, дури до степен до нарцисоидност. Еве 6 ситуации во кои претеруваме со себељубие.rnrn
rn
1. Кога го користиме како изговор да не се надградуваме
rnФактот дека мораме да се сакаме себеси пред да сакаме некој друг е целосно јасен. Да, секако дека треба да се прифаќаме како способни и вредни суштества уште пред да ја завршиме работата, но сепак го занемаруваме тоа што човекот постојано мора да се унапредува и да работи на себеси. Себељубието треба да биде средство со кое ќе стигнеме до посакуваното место, а не финалната дестинација. Тоа не е изговор нити оправдување за нашата несреќна состојба. Никогаш не можеме целосно да се сакаме. Затоа некогаш е потребно да поработиме на себеси.rn
2. Кога го загрозуваме нашето здравје
rnТука не станува збор само за физичкото здравје. Нашите мозоци, како и нашите тела, имаат потреба од одредено ниво на дисциплина за да го одржат балансот на телото. Сакањето себеси никогаш не смее да биде изговор за да се откажете од нешто. Може да станува збор за откажување од диетата бидејќи сте ги постигнале саканите резултати или одбивање да се образувате бидејќи сметате дека го имате целото образование кое ви е потребно. Некогаш најдобриот начин да се сакаме себеси е да бидеме строги и реалистични. Она што во моментот нѐ прави среќни, не мора да значи дека е најдобро за нас.rn
3. Кога го користиме како изговор за да бидеме себични
rnСебељубието не е изговор за да ги напуштиме нашите пријатели и нашите сакани затоа што треба да се ставиме себеси на прво место. Како и сите што ги сакаме, мора да научиме да се почитуваме себеси, а тоа значи да станеме личност со која самите ќе се гордееме – некој што се држи до исполнување на обврските, ветувањата и се грижи за потребите на другите. Сакањето на себеси не значи да се ставате пред другите. Освен ако имате добра причина.rnrn
rn
4. Кога сакаме да ги избегнеме одговорностите
rnСакањето на себеси не е изговор за маните кои ги имаме. Ако згрешиме нешто, или повредиме некого не можеме да се сакаме себеси и да си простиме само затоа што гледаме на тоа како наша одговорност. Сепак, мора да се справиме со последиците од нашите дела во вистинскиот свет: да се извиниме, да прифатиме пораз и да се помириме, кога тоа е потребно.rn
5. Кога како резултат на самољубие се оттргнуваме од другите
rnНие сме опседнати со идејата дека мора да се сакаме и да се ставаме на прво место. Потсвесно се имаме поставено во центарот на универзумот и одбиваме да прифатиме дека не можеме засекогаш да останеме таму. Себељубието не е изговор за да се повлечеме од сите можности бидејќи ние сме најважни. Сѐ уште мора да бидеме пристојни и да имаме разбирање кон другите луѓе. Ако секогаш се ставаме на прво место, тогаш сигурно во една точка од нашиот живот ние ќе завршиме сами.rn
6. Кога претпоставуваме дека сме завршиле со еволуирање
rnНема ништо лошо во ценењето на себеси и сопствените квалитети, но задоволството е уште поголемо кога ќе сфатиме дека ние допрва треба да работиме на себеси. Не постои човек без маани или некој кој никогаш не згрешил. Затоа сите полека, но сигурно гравитираме кон подобрување, но сепак сѐ уште паѓаме на истите пречки. Она што мора да го прифатиме за себељубието е дека треба да ги прифаќаме нашите грешки и маани, наместо да ги одрекуваме. Сакањето на себеси не е вечно прифаќање. Тоа е доживотна обврска – да се грижиме, да одговараме на сопствените потреби и да си даваме поддршка како што се движиме кон најдобрата верзија од нас.rnrn