КАФЕ ПАУЗА

9 грешки што ги правите кога користите антибактериски влажни марамчиња

9 грешки што ги правите кога користите антибактериски влажни марамчиња

Повеќето луѓе секојдневно користат антибактериски влажни марамчиња, но многумина не се свесни дека ги користат погрешно во одредени ситуации. Овие 10 грешки треба да престанете да ги повторувате.rnrn9 грешки што ги правите кога користите антибактериски влажни марамчињаrn

1. Ги користите влажните марамчиња за повеќе од еден предмет

rnМожеби ви изгледа како добра идеја да заштедите марамчиња и како поедноставен начин да ја исчистите целата кујна со едно или две марамчиња, но постојат неколку причини зошто ова не е баш добра идеја.rnrnКористејќи едно марамче може да ги раширите бактериите од една површина на друга. Исто така, едно марамче не може ефикасно да ја исчисти секоја од тие површини.rn

2. Не ја читате етикетата

rnИако тоа може да ви изгледа здодевно, читањето на етикетите може да ви помогне да го извлечете максимумот од влажните марамчиња. Така, можете да откриете колку време површината треба да остане влажна по бришењето за да се уништат сите бактерии, а тоа е околу 3-4 минути. Исто така, на етикетата пишува за кој вид микроби се наменети марамчињата, па затоа не е добра идеја да претпоставувате дека сите марамчиња се за секаква употреба.rn

3. Ги фрлате во тоалетот

rnНекои марамчиња може да се фрлат во тоалетот, но дури и да го пишува тоа на етикетата, размислете пред да го направите тоа затоа што можеби е подобро да ги фрлите во корпа за отпадоци.rnrnВлажните марамчиња се подебели од тоалетната хартија, не се распаѓаат лесно и може да се заглават во цевките и да го заглават тоалетот.rn

4. Го чистите екранот на мобилниот телефон со нив

rnАнтибактериските марамчиња не треба да ги користите за сè. Важно е да ги исчистите и да ги дезинфицирате вашите мобилни уреди, но со влажните марамчиња можете да направите само штета.rnrnСо влажните марамчиња можете да ги исчистите тастатурата и задниот дел на мобилниот телефон, но не и екранот. Влажните марамчиња содржат хемикалии што можат да ја оштетат површината на екранот.rn

5. Ги користите на валкани површини

rnАко ги користите на валкани површини, може да ја раширите нечистотијата и на другите делови од просторијата. Валканата површина ја отежнува дезинфекцијата, па затоа прво исчистете ја површината со сапун и вода, а потоа избришете ја со влажно марамче.rn

6. Ги користите откако ќе им помине рокот на траење

rnВеројатно сте забележале дека на секое пакување е наведен рокот на траење. Ако рокот не е наведен на амбалажата, не треба да ги користите повеќе од две години по купувањето бидејќи може да го изгубат мирисот.rn

7. Ги користите за чистење на детските играчки или на садовите за храна за домашните миленици

rnВлажните марамчиња за деца имаат поблаги состојки, па затоа не се толку штетни ако детето случајно ги става во уста, за разлика од оние што се наменети за површини. Затоа, избегнувајте да ги користите за чистење на садовите за храна на вашите миленичиња или за чистење на детските играчки.rnrnВлажните марамчиња содржат хемикалии што остануваат на површините што ќе ги исчистите. Кој било предмет што детето или животното може да го стави во уста треба да се исчисти со средства на база на вода што не содржат хемикалии.rn

8. Не внимавате каде и како ги чувате

rnНајважно е да бидете внимателни при затворањето на амбалажата, така што марамчињата да не бидат изложени на воздух и на тој начин да не се исушат. Повеќето влажни марамчиња содржат алкохол што ќе испари ако не ги затворите правилно. Исушените марамчиња немојте да ги користите за бришење на површините бидејќи од нив немате никаква корист.rn

9. Ги користите на дрвени површини

rnВлажните марамчиња може да ја оштетат дрвената површина бидејќи дрвото може да ја апсорбира течноста од марамчињата и да останат дамки. Ова е уште една причина зошто треба да ја прочитате етикетата. Постојат одредени влажни марамчиња кои се наменети исклучиво за дрвени површини, па затоа внимавајте кога купувате.rnrnПрочитајте кои се 10-те големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека.