Колку често ви се случува да застанете и да се запрашате дали сте среќни овде каде што сте, на приватен, работен или љубовен план? Сосема е нормално дека секој од нас во еден момент се запрашува дали тоа е тоа. Дали нашиот живот е само магичен круг во кој учиме, одиме на работа, плаќаме сметки и се обидуваме да пронајдеме време за пријателите, за семејството, за забава и за сон? Животот е повеќе од сума дневни обврски кои ги извршуваме, но за таа среќа и исполнет живот е понекогаш потребно да вложите малку повеќе труд. Затоа денес ви откриваме 5 одлуки кои можете да ги донесете веднаш, за да живеете подобро и посреќно! Можеби ќе ви биде потребно само малку време и вежбање, но сигурно ќе вреди.rnrn
rn
1. Донесете одлука да… живеете во моментот
rnЗабавете и фокусирајте се на она што се случува пред вас. Кога сте во друштво, не гледајте во телефонот на секои пет минути. Со други зборови, посветете целосно внимание на она што го правите. Не можете да бидете среќни ако сте растроени или загрижени заради нешто. Ценете ја убавината на секој момент, бидејќи многу брзо ќе помине.rn
2. Донесете одлука да… бидете она што сте
rnОдвојте малку време за да се запознаете подобро. Дали ја слушате музиката која ја слушате само затоа што навистина ви се доаѓа или затоа што ја слушаат сите? Истото важи и за другите работи. Доколку постојано се обидувате да бидете нешто што не сте за да ги задоволите очекувањата на другите, сигурно набрзо ќе останете без енергија и животна радост.rn
3. Донесете одлука да… ги следите вашите соништа
rnНе откажувајте се од вашите соништа! Дури и ако не успеете во нешто, барем нема да се прашувате „Што би било, кога би било…“ Ако ги редите вашите соништа на полица, никогаш нема да бидете целосно среќни.rnrn
rn
4. Донесете одлука да… посветите повеќе време на луѓето кои ги сакате
rnОдвојте време за луѓето кои ги сакате, не одложувајте постојано за подоцна. На крајот од денот, тие луѓе се поважни од што било. Затоа свесно посветете повеќе време на вашиот партнер, сестра, брат, родители, најдобри пријатели или домашни миленици. Нека знаат колку ви се важни, бидејќи кога ширите среќа, таа ќе ви се врати.rn
5. Донесете одлука да… се смеете самите на себе
rnНе сфаќајте го животот премногу сериозно! Ставете насмевка на лицето дури и кога ќе се најдете очи во очи со вашите грешки и недостатоци. Бидете необично свои и смејте се. Смеењето е најдобриот лек за сѐ! Знаете како велат: „Животот е краток!“. И затоа секогаш тежнејте кон тоа да бидете исполнети и среќни.rnrnВреме е да приготвите нешто весело и слатко, а за тоа ќе ви бидат потребни клучните состојки за среќен живот.