КАФЕ ПАУЗА

6 неоспорливи знаци дека ви дошло време за годишен одмор

Секојдневниот стрес води кон физичко и психичко опаѓање, па затоа и сите ние одвреме-навреме мораме да земаме подолг одмор за да се одмориме и наполниме со енергија. Па, ако ги препознавате следниве 6 знаци и кај вас, тогаш итно ви е потребен одмор!rnrnrn

1. Колегите ве прашуваат дали сте во ред

rnЛуѓето околу вас одамна почнале да забележуваат дека сте под стрес. Вие сте многу нервозни и лесно избувнувате. Па, ако колегите сè почесто ве прашуваат дали е сè во ред со вас или пак, ви велат дека изгледате уморно, тоа е знак дека имате итна потреба од одмор.rn

2. Често грешите во работата

rnХроничниот стрес е еден од најчестите причини за грешки во работата, како и еден од најсигурните знаци дека мора да забавите. Поради уморот ја губите способноста да се фокусирате и не можете целосно да се посветите на работата.rn

3. Сè ве боли

rnГрбот, главата, очите, стомакот… кога станува збор за постојано изложување на стрес, целото тело е помалку отпорно на болки, па затоа и почесто ќе ве боли нешто. Ова особено важи за главоболките.rn

4. Имате проблеми со спиењето

rnНесоницата или зголемената потреба за сон се знаци за стрес што не смеат да се игнорираат. Понекогаш проблемите едноставно премногу нè преплавуваат па не можеме да заспиеме, а некогаш па толку сме безволни, што би можеле и цел ден да го преспиеме. Ниту една од овие две состојби не е нормална, и двете јасно покажуваат дека ни треба поголем одмор.rn

5. Не ја поднесувате својата работа

rnЛуѓето што се под голем стрес и притисок ја губат перспективата и не можат да најдат мотивација за работата што ја работат. Тоа не е ништо необично во денешно време кога сите ние сме преоптеретени со обврски. Но, ако работата ви стане неподносливо тешка, тогаш време е за одмор.rn

6. Имате потреба да се изолирате

rnНемате волја за дружење со пријателите, ги избегнувате нивните повици или едноставно не сакате да бидете во близина на други луѓе? Сите повремено сакаме време за себе, но ако правите сè од себе за да останете сами, тоа е знак дека сте „предозирани“ со обврски.rnrnПрочитајте ги овие 7 причини зошто ви треба не само летен, туку и психички одмор!