КАФЕ ПАУЗА

6 најиритирачки машки навики

6 најиритирачки машки навики

По завршувањето на фазата меден месец, ви станува јасно дека тој е обичен маж, смртник кој има маани, кои искрено понекогаш ви одат на нерви. Не го спушта капакот на веце-шолјата, ги остава чорапите на под, не се отвора да зборува за најинтимните чувства и понекогаш чувствувате дека не ве цени доволно. Што се крие зад овие иритирачки машки навики и зошто ги прават?rnrn6 најиритирачки машки навикиrn

1. Мажите не зборуваат за чувства

rnЗа разлика од жените кои многу често зборуваат за своите емоции, мажите не го прават тоа речиси никогаш. Дури и кога ќе се отворат за нешто, нема да слушнете никакви детали. Обично како изговор ќе ја имаат работата или нешто слично.rnrnЗошто мажите се емоционално затворени? Бидејќи во машкиот свет е грев да бидеш плачко. Уште како мали мајките и татковците ги учеле да се однесуваат како мажи, да не плачат и да не се жалат. Да се расплаче мажот пред жената, или да покаже колку е ранлив, за него би значело убивање на машкоста. Што и да се случи, тој мора да остане храбар и да не цимоли за повредените чувства.rn

2. Мажите не забележуваат што сè жените прават за нив

rnМожеби сте го поминале цело попладне готвејќи посебна вечера за двајца, или сте го облекле новиот фустан купен специјално за него, сте се дотерале за тој да ве види, и што? Многу често ви се чини како тој воопшто да не забележува каква било промена и ретко ви дава комплименти, а тоа ве прави бесни.rnrnПричината за тоа се крие уште во праисториско доба. Мажите генетски се програмирани да бидат ловци и заштитници. Дневната рутина на пештерскиот маж била да стане наутро, да улови некој див ѕвер, да донесе храна во семејството и да го заштити од напади од други племиња. И баш кога ќе помислиш дека после илјадници години нешто ќе се смени, примитивното кај мажот останува. Тој се чувствува одговорен да направи пари, и да се врати дома доцна навечер, очекувајќи да го прашате како му поминал денот. Како сè она што вие го правите да било просто ваша обврска како жена, суштеството кое тој треба да го заштити.rnrnДури и кога ќе забележи некаква промена кај вас, не секогаш ќе коментира. Некогаш поради тоа што не сака постојано да ви дава комплименти мислејќи дека ќе престанете да го цените, а понекогаш поради тоа што можеби само за момент кога ќе ве погледне ќе почувствува дека не ве заслужува.rn

3. Забораваат важни датуми

rnВо денешно време, со сите потсетници на мобилен или компјутер, би било глупаво мажите да заборават важен датум, како годишнина од брак. Но некогаш дури нема ни да го стават во потсетник. Зошто? Бидејќи, искрено, нив не им е важно. Жените имаат голем дел во мозокот резервиран за сите тие ситници и тактички потези, додека мажите не им придаваат толкава важност. Тоа не значи дека не ве сакаат, дека не им е грижа за вас или дека воопшто нема исклучоци меѓу нив. Тие едноставно не им придаваат важност на формални детали како што се датумите.rnrnДоколку сте жена која им придава голема важност на датумите, направете си услуга и потсетете го вашиот маж неколку дена порано. Така и вие ќе се поштедите од нервози, а и него ќе го поштедите од спиење на кауч.rn

4. Мажите лажат за да не ги навредат своите девојки/сопруги

rnМажите не дискутираат надолго и нашироко, туку она што го мислат го кажуваат во неколку збора. Освен, за нешто кон што негуваат посебна страст, како фудбалот на пример. Всушност, станува збор за стандардни фрази кои ги кажуваат за да не ве навредат. Нема да ви каже дека сте здебелена, дека не ви стои добро фустанот или дека залудно сте потрошиле толку пари на козметика. Како да се истренирани да одговараат по шема на теми кои се осетливи.rn

5. Заспиваат после секс

rnЖените после секс сакаат да се гушкаат, да споделат интимни разговори и тајни, да ве гледаат во очи. Мажите, од друга страна, особено откако ќе стапат во брак, многу повеќе би сакале да ги затворат очите и да спијат. Зошто?rnСпоред некои научни истражувања, при оргазам, мозокот на мажите се исклучува. Потоа следува ослободување на хемикалии кои ја намалуваат сексуалната желба и предизвикуваат потреба од сон.rn

6. Го оставаат кренат капакот на веце-школката

rnЗа мажите капакот треба да е кренат, за жените спуштен. Решението навидум е едноставно, но феноменот зошто мажите упорно го оставаат капакот кренат, останува како некој вид смотана, нерешена мистерија.rnrnПри секое влегување во тоалет, ве иритира кренатиот капак, кој може да биде причина за кавги. Работата е во тоа што мажите не сакаат кога некој им наредува. Никогаш нема да разберат колку тоа ве нервира ниту пак зошто ви претставува толкав проблем. Уште додека биле деца, нивните мајки ги навикнале сè да чекаат на готово.rnrnПоставена маса кога сакаат да јадат, без обврска да ја исчистат откако ќе завршат, ниту да го наместат креветот наутро. Тогаш зошто би чувствувале потреба да го спуштат капакот на вeцe-школката?rnrnИсклучоци од горенаведеното, секако дека постојат. Но секогаш кај партнерите, се јавуваат некои навики кои се иритирачки за другата страна. Ваша е одлуката за кои работи сте спремни и треба да направите компромис. Врската се темели на компромис и разбирање. Плус, кога добро ќе размислите, како што премногу размислуваме за сè, така премногу размислуваме и за нивните маани и причините за нивното настанување. Вистината е дека секој човек има барем по неколку навистина иритирачки навики.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.