Зачините не се само додаток во јадењето, тие се исто така непроценлив лек за нашиот организам. Во продолжение прочитајте кои билки се сојузници во борбата против болестите.rn
1. Босилек
rnЛистовите босилек содржат есенцијални масла со силни антиоксиданси и антибактериски својства. Освен тоа, босилекот е одличен извор на железо и витамин А. Додајте го исечкан во салатите или тестенините.rnrn
rn
2. Жалфија
rnМагичната жалфија е доста позната по своите антивоспалителни дејства. Исушете ги листовите жалфија и подготвувајте од нив чај со кој ќе можете да ги ублажите тежините предизвикани од чувствително забно месо, воспалено грло или болни синуси. Додајте свежи листови жалфија во сосот со кој ќе го полиете омилениот бифтек. Само бидете внимателни со количината, бидејќи овој зачин има интензивен вкус и мирис.rnrn
rn
3. Коријандер
rnГо поттикнува исфрлањето на тешките метали од телото и му помага на црниот дроб во тој процес. Ја чисти кожата, ги ублажува кожните воспаленија и желудочните тегоби. Можете да го додавате во салати, печења и смудиња, а можете да направите и напивка од суви семки. Едноставно прелијте ги со врела вода и оставете ги да отстојат 10 минути.rnrn
rn
4. Маточина
rnВо нашите краеви често пред спиење се пие чај од маточина затоа што смирува и благотворно делува на организмот и нервниот систем. Меѓутоа, ситно исечканите свежи листови маточина можете да ги додадете во овошни салати или пак, во тестото за колачиња и мафини. Маточината помага во лечењето на чирови или грозница на усните, ја намалува високата температура и главоболката.rnrn
rn
5. Магданос
rnЗа одгледување магданос ќе ви биде потребна мала импровизирана градина на терасата или балконот. Овој зачин е одличен за имунолошкиот систем, помага во отстранувањето на вишокот течности од телото, го лекува нервниот систем и ги зајакнува коските. Исто така е одличен освежувач на здивот. Користете го свеж во супа, ориз, сос, варила или салата. Додајте го во јадењето 5 минути пред крајот на готвењето, бидејќи во текот на долготрајното изложување на високи температури губи доста лековити својства.rnrn
rn
6. Рузмарин
rnСодржи кофеинска и рузмаринска киселина, два моќни антиоксиданси со лековито делување и е одличен извор на витамин Е. Добро ја поднесува сувата и сиромашна земја, па можете да го засадите во тегла и да го чувате на вашиот балкон без страв. Сјајно се сложува со јадењата од месо, па можете да го додадете во сите печења, а ќе биде одличен додаток на печењето со „тежок“ зеленчук, како што е компирот или слаткиот компир.rnrn
rn
7. Нане (мента)
rnИма анестетични својства и овозможува чувство на ладење. Содржи неколку клучни витамини и минерали, но неговото најсилно својство е антиоксидансот. Благотворно делува на варењето, ги ублажува надуеноста, грчевите и тврдата столица. Ова е еден од најсестраните зачини. Секогаш садете го во посебна саксија, одвоено од другите билки, бидејќи е доста „наметлив“ и агресивен, односно многу брзо расте. Додајте го во овошни салати, посипете го со него сладоледот, додајте го во смудињата и напивките. Листовите можете да ги исушите и од нив да приготвувате чај.rnrn