Понекогаш е тешко во текот на целиот ден да останеме имуни на погледите и коментарите на другите луѓе во врска со нашиот физички изглед. Меѓутоа, со помош на овие 6 чекори ќе ја задржите самодовербата и ќе го сакате вашето тело од моментот кога ќе се разбудите па сѐ до времето на заспивање!rnrn
rn
1. После будењето
rnПосакајте си на себе добро утро, протегнете се и „запрашајте“ го вашето тело како се чувствува. Доколку некои чувства ги чувате само за себе, можете да предизвикате појава на болки и болести. Ќе се изненадите кога ќе сфатите на кој начин емотивната отвореност кон себе може да ви помогне да се чувствувате подобро и поздраво.rn
2. Пред излегување од домот
rnЗапрашајте се што е она што го сакате – доколку не се чувствувате доволно добро за интензивен тренинг, подобро одлучете се за друг вид физичка активност. Не мора секој ден да вежбате на ист начин, бидејќи и не се чувствувате секој ден идентично.rnrn
rn
3. Пред јадење
rnЗапрашајте се дали сте навистина гладни или би јаделе поради досада. Откако ќе седнете да јадете, бидете потполно сконцентрирани на она што го внесувате во вашиот организам – не гледајте телевизија, а телефонот оставете го настрана. Во спротивно можете несвесно да се прејадете. Доколку сте нерасположени, подобро повикајте ги пријателите, прошетајте се или медитирајте.rn
4. Пред проверување на социјалните мрежи
rnОбидете се да извежбате пред да проверите што се случува на разните социјални мрежи. На тој начин ќе се чувствувате задоволно со себе, пред да видите со што се занимаваат другите луѓе и како тие изгледаат. Исто така, не заборавајте дека социјалните мрежи ни даваат само дел од нечиј живот, често разубавен и недоволно реален.rnrn
rn
5. Почестете се
rnГрижете се за вашето тело, како што би се грижеле за другите. Наградувајте се, правете паузи кога сте уморни и фокусирајте се на она што сте го направиле добро. Запомнете дека вашиот ум е многу моќен, а вашите мисли имаат големо влијание на вашата реалност.rn
6. Пред спиење
rnДобро е да се присетите на сето она што сте го направиле добро во текот на денот, пред да се спремите за спиење. Потсетете се што е она за што сте благодарни, поради што се чувствувате добро и што можете да унапредите кај себе.rnrn