Луѓето веруваат дека само богатите можат да живеат убав живот поради тоа што можат да си дозволат некои возбудливи работи, или пак мислат нешто слично за моќните, славните и за привилегираните. Психијатарот Дејвид Сак потврдува дека извонредните работи можат да ни се случуваат секојдневно и за нив не ни треба некаква привилегија, туку треба да ги најдеме во себе.rnrn
rn
1. Фокус на важни работи
rnПотребно е да се фокусирате на квалитетот на работите, а не на квантитетот. Можете да соберете многу пари, предмети или сексуални партнери, но тоа никого не го направило најсреќен на овој свет. Иако квантитетот дава некаква сигурност, за да се почувствувате на начин заради кој вашиот живот ќе можете да го наречете извонреден потребно е да се фокусирате на внатрешните работи кои обезбедуваат интимност и личен развој. Ако чекате нешто друго да ве направи среќни, тоа никогаш нема да стигне и ќе предизвика само да очекувате и посакувате уште. Но, таквиот живот е сосема просечен и несреќен.rn
2. Љубезност
rnЉубезноста кон другите луѓе се враќа. Не само што вие самите ќе се почувствувате убаво поради вашиот убав начин на однесување, туку и оние околу вас ќе се потрудат со нешто да ви возвратат и животот да ви го направат поубав.rnrn
rn
3. Спремност да се биде перципиран како несовршен
rnЛуѓето со исклучително добро секојдневие не се оние кои никогаш не грешат и немаат падови во животот. Бегањето од грешките обезбедува просечност, а оние кои се стремат кон извонредност знаат дека критицизмот и одбивањата се цената која се плаќа денес за утре да се живее убаво. Свесни се дека се плашат, но знаат и дека стравот не значи безвредност. Мора да бидете спремни да бидете несовршени и да бидете перципирани како несовршени.rn
4. Способност за градење врски со другите луѓе
rnСак зборува и за една студија спроведувана од 1930 година до денес. Огромната количина податоци добиена во тие осумдесетина години покажала една многу битна работа: на луѓето им се потребни врски со други луѓе. Оние кои знаат како да си го средат животот веќе го сфатиле ова. Тие знаат за силата која може да се црпи од оние со кои имаме изградено блиски односи.rn
5. Благодарност
rnНекои луѓе постојано ја чекаат среќата, ја чекаат, ја чекаат, а кога таа ќе дојде тие пак ќе најдат нешто ново за кое ќе се грижат. Ним им фали благодарност. Постигнале некаков успех, но ако не се благодарни на себеси за него како ќе бидат задоволни од животот? Луѓето кои имаат извонредно секојдневие не реагираат вака.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.