КАФЕ ПАУЗА

Солениот принт – почетоците на фотографијата

Како и сѐ останато, класичната фотографија која ни е денес на сите позната не била отсекогаш таква каква што ја знаеме. Првите почетоци на хартиената фотографија се забележани во 1839 година, кога Вилијам Хенри Фокс Талбот го создал солениот принт.rnrnТалбот бил британски инвентор кој, покрај уметноста, се интересирал и за природните науки, астрономијата, филозофијата и сл. За фотографијата покажал поголем интерес кога, за време на својот меден месец, се разочарал од начинот на кој функционирала тогашната камера луцида. Ова бил уред чиј принцип на работа се засновал на оптичко преклопување на предметот кој се црта и неговата нацртана слика на површината на која уметникот цртал. Според Талбот, кога уметникот ќе ги тргнел очите од призмата низ која сѐ било убаво, хартијата чувала само меланхолични траги оставени од моливот на уметникот.rnrn

Фотографија на Вилијам Талбот, Големиот брест во Лакок - солен принт на хартија добиен од принт негатив (1843 - 1845 година)
Фотографија на Вилијам Талбот, Големиот брест во Лакок – солен принт на хартија добиен од принт негатив (1843-1845 година)
rnrnБазирано на неговата разочараност и прашувајќи се колку би било убаво да постои уред со кој природните слики би оставале фиксни отпечатоци на хартијата, тој почнал да експериментира и да изнаоѓа начини да ја реализира својата идеја. При неговите експерименти, тој користел сол и сребро нитрат кои ги нанесувал врз хартија за пишување која потоа ја оставал да потемни на сонце. За да спречи преголемо потемнување на сликата, тој додавал уште еден, втор слој на сол. На почетокот, експериментирал со растенија кои ги притискал врз сензибилна хартија со помош на парче стакло и потоа ги оставал да отстојат на сонце. По одреденото време за потемнување, го тргал растението од хартијата, а на негово место имало отпечаток од неговиот облик.rnrn
Фотографија на Феликс Надар, Мариета - солен принт на хартија добиен од стаклен негатив (околу 1855 година)
Фотографија на Феликс Надар, Мариета – солен принт на хартија добиен од стаклен негатив (околу 1855 година)
rnrnОваа своја идеја, Талбот ја нарекол уметност на фотогенично цртање. Со тек на време, тој го усовршил својот метод и успеал засекогаш да ја промени насоката во која одела фотографијата пред него. Иако на почетокот користел само сребро нитрат при што се добивала доста бледа слика на хартијата, понатаму открил дека се добива многу подобра слика кога на хартијата ќе се нанесе прво солта, а потоа сребро нитратот. Сликите биле меки и делувале исенчани, но успевале да ги доловат сите оние детали кои со претходниот метод на фотографирање не биле достапни. Во поглед на бојата, на сликите се разликувале сепија, лилава, црница, теракота, сребрено-сива и јаглен-црна.rnrn
Фотографија на Роџер Фентон, Група на хрватски шефови - солен принт на хартија добиен од стаклен негатив (1855 година)
Фотографија на Роџер Фентон, Група хрватски главатари – солен принт на хартија добиен од стаклен негатив (1855 година)
rnrnПрвата изложба на вакви фотографии зазема место во уметничката галерија Тејт Британ во Лондон, под името Сол и сребро: Рана фотографија 1840 – 1860. Техниката на Талбот се раширила многу брзо насекаде низ светот, а за неа се заинтересирале уметници, научници, авантуристи и претприемачи кои во овој метод виделе голем потенцијал.rnrnКористејќи ја техниката на Талбот, биле насликани природни чуда, архитектонски остатоци, разголени тела на луѓе, портрети и улици и сите со различен степен на острина и сенка.rnrn
Фотографија на Џон Бизли Грин ел Асасиф, Порта на гранитната роза - солен принт на хартија добиен од восочен негатив (1854 година)
Фотографија на Џон Бизли Грин ел Асасиф, Порта на гранитната роза – солен принт на хартија добиен од восочен негатив (1854 година)
rnrnСо започнување на викторијанското време на модерни пронајдоци, му дошол и крајот на солениот принт. Тој бил заменет со нови изуми во полето на фотографијата, а тој развој трае и до ден-денес. Сепак, овој пронајдок на Талбот бил и ќе остане точка на пресврт за фотографијата како област, па и покрај нејзината еволуција, може да се забележат жанрови кои останале константни со текот на времето. Овие фотографии се дел од едно неверојатно искуство за секој кој ќе ги погледне, делувајќи како да ќе исчезнат од пред нашите очи во секој момент.rnrn rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.