КАФЕ ПАУЗА

5 работи што не треба да ги ставаме во микробранова печка

5 работи што не треба да ги ставаме во микробранова печка

Written by

in

,

Храната што се загрева во микробрановата печка е безбедна за консумирање, а користењето на овој апарат за домаќинство ви заштедува време во многу ситуации. Како и да е, не треба да ја користите постојано, а некоја храна не треба дури ни да ја ставате во микробрановата печка.rnrn5 работи што не треба да ги ставаме во микробранова печкаrn

1. Свежи јајца со лушпа

rnСосема е во ред ако одлучите да ги загреете јајцата, но само откако ќе ја скршите лушпата. Не обидувајте се да направите варено јајце во микробрановата печка, бидејќи изложеноста на висока температура може да доведе до акумулација на пареа под лушпата и нејзино пукање.rn

2. Овошје со висока концентрација на вода

rnНе се препорачува да се загрева овошје со висока концентрација на вода, бидејќи може да експлодира и да создаде дополнителен проблем за вас. Долку сакате да загреете овошје како круша, праска или слива, најдобро е да го исечете пред да го ставите во микробрановата печка.rn

3. Замрзнато месо

rnАко ја користите микробрановата печка за одмрзнување на месо, тогаш мора да го зготвите веднаш. Министерството за земјоделство во САД открило дека кратко време по одмрзнувањето, бактериите почнуваат да се формираат во „потоплите“ делови на месото, предизвикувајќи месото да се расипе.rn

4. Храна покриена со алуминиумска фолија

rnАлуминиумската фолија во микробрановата печка може да предизвика пожар. Затоа, пред да ја загревате храната, не заборавајте да ја отстраните фолијата.rn

5. Пуканки во кафена хартиена вреќичка

rnСигурно сакате да ги избегнете индустриски пакуваните пуканки, па користите кафена хартиена вреќичка што ја имате дома. Не правете го тоа, бидејќи било кој лепак или мастило на вреќичката може да ослободи штетни гасови, а хартијата може и да се запали.rn

Погледнете ги овие 10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот.