Богатите и познатите не штедат кога организираат забави, сè со цел да покажат колку се моќни, гостите да си поминат убаво, а медиумите да имаат за што да пишуваат. Ова се петте најскапи забави на светот организирани од светскиот крем.rn
Забавата на султанот од Брунеи (2006)
rnПетто место на оваа листа е забавата на султанот од Брунеи, која се одржа во 2006 година, на која присуствуваа нешто помалку од 10.000 луѓе. За нејзината организација тој го олесни својот џеб за 27 милиони американски долари. За да ја направи забавата уште повозбудлива, за прв пат после две децении, тој најави покачување на платите за сите службеници во кралството.rnrn
rn
Свадбата на ќерката на Лакшми Митал (2004)
rnСветски познатиот индиски магнат, петти најбогат човек според магазинот „Форбс“, организираше неверојатна забава за својата ќерка. Таа заедно со нејзиниот сопруг, својата љубов ја прославија во замок од 17 век во Франција. Вкупната потрошена сума изнесувала огромни 60 милиони долари.rnrn
rn
Свадбата на принцот Вилијам и принцезата Кејт (2011)
rnСо месеци беше медиумски најавувана дека навистина ќе изгледа како од бајка. Па кога се случи и не беше далеку од вистината. Но секое задоволство има своја цена, па така кралското семејство издвои 70 милиони долари за оваа свадба. Најскапите работи на свадбата беа величествениот фустан на Кејт и тортата.rnrn
rn
Свадбата на Мухамед бен Рашид ел Мактум (1981)
rnИако станува збор за свадба организирана пред три декади, оваа забава била вистински спектакл. Премиерот на Обединетите Арапски Емирати за свадбата со својата сакана принцеза Салама, во тоа време издвоил 45 милиони американски долари, што пресметано денеска би значело 100 милиони.rnrn
rn
Инаугурацијата на претседателот Обама (2009)
rnЗабавата која ја организираше претседателот Обама на денот на својата инаугурација, чинела неверојатни 160 милиони американски долари. Во цената биле вклучени забави на неколку места, па токму затоа тој заслужено се наоѓа на првото место.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
