КАФЕ ПАУЗА

5 причини зошто е добро да ја дочекате Нова година во удобноста на вашиот дом

5 причини зошто е добро да ја дочекате Нова година во удобноста на вашиот дом

Written by

in

,

Дали сте забележале дека прашањето „Каде за Нова година?“ станува сè поретко? Луѓето можеби веќе не се толку возбудени за најлудата ноќ од годината, или можеби само сакаат да заштедат некој денар. Додека сè уште размислувате каде вие ќе одите за дочекот, погледнете ги 5-те причини зошто сепак е најдобро оваа вечер да ја поминете дома, само со најблиските.rnrn5 причини зошто е добро да ја дочекате Нова година во удобноста на вашиот домrn

1. Поевтино е

rnЦената за дочек во ресторан или дискотека е околу 1.000 денари, па и повеќе, во зависност од ангажманот што ќе го добиете. Дури и да прославите на плоштад или на улица, сепак ќе ви требаат пари за храна, пиење, такси… Со истите пари дома можете да направите „ол инклузив“ дочек за најблиските пријатели или семејството, и тоа со десерт, па дури и утринско кафе. Голема е веројатноста да ви останат пари и за втора вечер.rn

2. Поудобно е

rnВо вашиот дом воопшто не треба да размислувате дали ќе најдете место за седење ако се изморите или ако почне песна што баш и не ви се допаѓа. Всушност, во вашиот дом тешко дека ќе бидете присилени да слушате нешто што не ви се допаѓа бидејќи вие ќе бидете одговорни за музиката. Ако пак ви се приспие, можете да го направите и без никој нема да ве обележи како уништувач на забави.rn

3. Потопло е

rnБидејќи е зима, за Нова година можеме да очекуваме температури и под нулата. Иако можеби не планирате да поминувате време надвор, доколку се соочите со сообраќаен метеж, што сигурно ќе го има за новогодишната ноќ, ќе бидете заглавени на студот. Исто така секогаш постои можност за снег или дожд и неуспешно барање на такси превоз.rn

4. Повкусно е

rnИскрено, кој ресторан може да ви понуди подобар оброк од вашата мајка или пак од вас самите? Има ли подобар начин да се расположите отколку со шолја варено вино додека сте опкружени со луѓето што најмногу ги сакате? И каде ќе го дочекате новогодишното утро со кафе по ваш вкус? Се разбира, само во вашиот дом.rn

5. Ќе бидете со најсаканите личности

rnНајдобрата причина да ја дочекате 2019-та година во вашиот дом се пријателите и семејството. Сепак, празничниот период е за луѓето коишто ни се најдраги и не треба да прифатите ништо помалку. Живееме толку брзо што забораваме да им обрнеме внимание на овие луѓе. Па зошто оваа посебна прилика да не ја искористите да поминете време со луѓето кои се најважни во вашиот живот?rnrnДоколку сепак не ви се допаѓа оваа идеја и сакате нешто ново, погледнете кои се најдобрите градови за дочек на Нова година.