Иако на секој чекор нè потсетуваат да нанесуваме крема за заштита од сонцето, и понатаму ни се случува понекогаш да изгориме. Меѓутоа, со помош на следниве неколку совети, лесно ќе ги залечите изгорениците и ќе добиете убав тен побрзо отколку што можете да замислите.rn
1. Лосион за тело
rnНа цело тело, а особено на црвените делови, нанесете го својот омилен лосион за нега на телото. Доколку тој во својот состав содржи алое вера – уште подобро! Тоа ќе ја смири вашата кожа и ќе го спречи нејзиното лупење.rn
2. Избањајте се
rnДоколку во вашата редовна купка додавате само некои нови состојки, вашата кожа ќе ви биде многу благодарна. Додадете јаболков оцет за да ја вратите pH вредноста на вашата кожа во нормала, сода бикарбона за отстранување на иритацијата и црвенилото, и есенцијални масла за да ја намалите болката.rnrn
rn
3. Пијте течности
rnКога ќе изгорите, вашата кожа е сува и дехидрирана, па мора да ги дополните нејзините резервоари. За да го хидрирате целиот организам, пијте многу течности, а најдобро е тоа да биде обична негазирана вода.rn
4. Кесички чај
rnКесичките од штотуку сварениот чај ставете ги на изгорениците, или уште подобро, на сува крпа која претходно ќе ја поставите на нив. Црниот чај ја извлекува топлината од изгорениците и ја враќа pH вредноста на кожата во рамнотежа. Исто така, чајот од нане додатно ќе ве разлади.rn
5. Краставици
rnВеќе знаете дека се добри за подочниците, но можеби не сте знаеле дека го ублажуваат црвенилото од изгорениците. Ставете во блендер неколку краставици за да направите паста и нанесете ја на кожата.rnrn