Се смета дека љубителите на мачки се попаметни од останатите, но постојат и други неочекувани и чудни показатели дека имате високо ниво на интелигенција.rnrn
rn
1. Чекорите многу брзо
rnПостои директна поврзаност помеѓу интелигенцијата и брзото одење – брзото движење има позитивни ефекти врз когнитивните способности на луѓето. Луѓето што одат побрзо добиваат околу 16 поени повеќе на тестовите за интелигенција за разлика од тие што одат побавно.rnrnПостои уште една добра вест за оние што одат брзо, а тоа е дека стареат побавно. Ова важи и за надворешните и за внатрешните знаци на стареење. Колку побрзо одите, толку подолго вашиот мозок ќе остане активен.rn
2. Не сакате топла бања
rnСосема е во ред да имате релаксирачка и топла бања, но за мозокот е покорисно краткото туширање со поладна вода. Туширањето со спротивни температури може да ги подобри меморијата, функцијата на мозокот, расположението и да ви даде дополнителна енергија во текот на денот.rn
3. Имате биполарно растројство
rnСамо околу 2,5 проценти од светската популација има вакво нарушување. И покрај верувањето дека биполарното растројство има негативно влијание врз мозочната активност, луѓето кои страдаат од тоа покажуваат повисоко ниво на интелигенција. На пример, Винсент ван Гог и Ернест Хемингвеј имале биполарно растројство, но тоа никогаш не ги спречило да станат уметници. Децата кои го имаат ова нарушување и се заинтересирани за музика, за уметност или за странски јазици обично покажуваат најдобри резултати во овие области.rn
4. Сочувствувате со чувствата на другите луѓе
rnВисокото ниво на интелигенција не е единствениот показател за интелигенција. Емоционалната интелигенција е исто така многу важна. Добро развиената емоционална интелигенција им овозможува на луѓето подобро да се справат со стресот и да ги разберат другите луѓе без да мора да разговараат со нив. Сепак, високото ниво на емоционална интелигенција има и негативни ефекти. Поточно, може да ги почувствувате емоциите на другите луѓе речиси физички и склони сте да реагирате многу силно на нечија лутина.rnrnЛуѓето кои се подготвени да разговараат со нови луѓе и учат од нивните искуства, на крајот добиваат повеќе корисни информации во текот на животот.rn
5. Ве вознемируваат звуците што ги прават другите луѓе
rnЕдно неодамнешно истражување покажа дека некои луѓе не можат да ги филтрираат непријатните звуци и имаат многу негативна реакција на нив. Овие непријатни звуци може да бидат предизвикани од некој што гласно дише, игра со пенкало или сл. Овој необичен став кон звуците се нарекува мизофонија и е вистинско психолошко нарушување што укажува на висока емоционална интелигенција и добро развиени креативни способности.rn
6. Не сакате допишувања
rnНаучниците дошле до заклучок дека употребата на текстуални пораки и мејлови го намалува нивото на интелигенција за најмалку 10 поени. Негативното влијание на допишувањето е посилно дури и од некои лекови. На луѓето кои не можат да живеат без допишување им е тешко да се фокусираат на конкретни задачи затоа што нивните мозоци секогаш се подготвени да одговорат на пораката, наместо да се концентрираат на работата.rnrnДопишувањето има и други негативни последици: писменоста и речникот се намалуваат бидејќи сите современи уреди имаат автоматска корекција на текстот, што значи дека не треба да ги користите меморијата и знаењето за да запомните како правилно да напишете нешто.rn
7. Не можете да живеете без чоколадо
rnЧоколадото направено од какао не само што го подобрува расположението, туку ја подобрува и функцијата на кардиоваскуларниот систем. Чоколадото може да влијае и на брзината на обработката на информации, да ја подобри меморијата и да ви помогне да бидете повнимателни.rnrnЈадењето црно чоколадо го забавува стареењето на мозокот, намалувајќи го ризикот од деменција во подоцнежните години. Но, не јадете премногу чоколадо затоа што прекумерната тежина има негативни ефекти врз когнитивните способности. Сепак, кога јадете нормална количина црно чоколадо, може да станете попаметни и поефикасни.rn
8. Се чувствувате како никој да не ве сака
rnТоа што луѓето го мислат за вас е директно поврзано со нивното ниво на интелигенција. На луѓето им е полесно да комуницираат со некој кој има слично ниво на интелигенција како нив. Со други зборови, сакаме да бидеме опкружени со луѓе кои се на исто интелектуално ниво како што сме ние и разликата не би требало да биде поголема од 15 поени.rnrnПросечното ниво на интелигенција е околу 100 поени и 85% од човечката популација е на ова ниво. Обидете се да направите тест за интелигенција. Ако вашите резултати се над 115 поени, тогаш е јасно зошто повеќето луѓе не ве разбираат и зошто ви е тешко да комуницирате со нив.rn
9. Постојано размислувате за сложени работи
rnНе размислувате само за смислата на животот, туку и за други какви било глобални и неразбирливи работи, како што е големината на универзумот. Ова значи дека имате високо ниво на интелигенција. Интелигентните луѓе едноставно не можат да го запрат процесот на размислување и навистина сакаат да најдат одговори на најважните прашања.rnrnЗа разлика од луѓето со просечен коефициент на интелигенција, попаметните луѓе повеќе се грижат за најразлични работи, вклучувајќи ги и својата иднината и иднината на планетата, додека останатите најмногу се грижат за секојдневните проблеми.rnrnПрочитајте како да препознаете личност со натпросечна интелигенција.