5 одлични модни комбинации со бели панталони

Сподели

Панталоните се без сомнение најпопуларното парче облека кое го носиме во текот на целата година. Панталоните ќе доминираат и во потоплата сезона, и тоа во бела боја. Белите панталони можете да ги комбинирате со елегантни блузи и кошули, но и со патики и памучни маици, па се одлични за секоја пригода. Доколку се двоумите дали да вложите во пар бели панталони, следниве модни комбинации ќе ви помогнат да се одлучите.rn

Реклама

1. Спортски изглед

rnЕдноставните бели панталони се одлични за секојдневните спортски комбинации. Оваа пролет нема да погрешите доколку ги комбинирате со патики, маица со принт и некоја тексас јакна. Можете да ја дополните комбинација со интересни чорапи, кои оваа сезона се апсолутен хит.rn

2. Вечерно излегување

rnБелите панталони се одлична замена за црните и сини модели, а стојат одлично и со вечерни комбинации. Можете да одберете модел до колена и да го комбинирате со женствена блуза и сако.rn

3. Дневно излегување

rnПролетните денови се совршени за пиење кафе на сонце, во друштво со добри пријатели. Без разлика која опција ќе ја одберете, белите панталони се одлична почетна точка за вашиот изглед. Можете да ги комбинирате со розова маица и светло розови патики. Надополнете го изгледот со розови очила за сонце.rn

4. Комбинација за состанок

rnБез разлика дали ќе излезете со партнерот или одите на прв состанок, сигурно сакате да изгледате беспрекорно. Во овие случаи најдобро е да одберете парчиња кои суптилно ќе привлекуваат погледи. Можете да одберете широки панталони и да ги комбинирате со блуза со чипка. Добро ќе стојат и сандалите со висока потпетица и кожната јакна.rn

5. Комбинација за на работа

rnБелите панталони се парче облека кое навистина изгледа добро со сè, дури и со облеката за на работа. Популарните трапез модели можете да ги комбинирате со бели сандали и маица со неутрална боја, а изгледот дополнете го со блејзер со впечатлива боја. Не заборавајте и на модните додатоци.

Погледнете ги и најпопуларните модни комбинации за овој април.

Најново

Може ќе ве интересира