Без разлика на временските услови или годишното време, веројатно секогаш сакате да изгледате модерно и убаво. За да го постигнете тоа овој април, следниве модни комбинации нека ви бидат инспирација.rn
1. Чипка
rn
rnrnПролетната сезона е совршена за облеката со чипка. Можете да одберете парче целосно направено од чипка, но доволен е и мал детаљ. Фустанот од чипка е одличен избор за топлите денови, а можете да го комбинирате со јакни и блејзери.rn
2. Здолниште со цветен принт
rn
rnrnПролетта секогаш нè асоцира на цветови, па април е совршен месец за овој принт. Здолништето е само еден начин да го усовршите вашиот секојдневен стил. Плисираните, струкираните и здолништата со А крој се секогаш одличен избор.rn
3. Модерен панк
rn
rnrnЧевлите со нитни можете да ги носите за секојдневно излегување и се навистина популарни. Надополнете го изгледот со искинати фармерки, а за „посериозен“ изглед можете да одберете кошула со риги. Дополнете го стајлингот со кожна јакна.rn
4. Спортска елеганција
rn
rnrnПонекогаш удобноста е приоритет, а патиките се одличен избор за тоа. Можете да ги комбинирате со спортски панталони со висок струк и широки ногавици. Во оваа комбинација одлично ќе се вклопи и еднобојната кошула и подолгата јакна.rn
5. Неутрални бои
rn
rnrnНикогаш нема да погрешите со неутралните бои. Сите сме навикнати на комбинацијата црно и бело, но оваа пролет комбинирајте ја црната со сива боја.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
