КАФЕ ПАУЗА

5 нешта кои ве очекуваат откако ќе ви биде скршено срцето

5 нешта кои ве очекуваат откако ќе ви биде скршено срцето

Иако некои врски завршуваат со само неколку зборови, чувството после раскинувањето може да го опише само оној кому навистина му било скршено срцето. Но, тоа може да ви донесе лекции кои ќе ви бидат корисни во текот на животот:rnrn5 нешта кои ве очекуваат откако ќе ви биде скршено срцетоrn

1. Не постои магичен начин веднаш да престанете да сакате некого

rnДури и ако направиле нешто страшно, нешто што ве прави сигурни дека никогаш повеќе нема да сакате да ги видите, ќе се изненадите кога ќе дознаете дека љубовта што сте ја имале нема тукутака да исчезне. Отпрвин силно ќе го чувствувате нејзиното присуство, а потоа љубовта ќе постане шепот во позадина.rn

2. Ќе се потсетувате секојдневно

rnЌе се потсетувате на личноста секој ден. Ќе ја слушнете вашата заедничка песна и повторно ќе ја почувствувате таа болка. Ќе поминете покрај местото каде што сте имале прв состанок или ќе го слушнете нејзиното име и тоа ќе биде уште еден потсетник за тоа што сте изгубиле.rn

3. Вашите вистински пријатели ќе бидат тука за вас

rnКога ќе ви го скршат срцето, целиот свет ќе ви се преврте наопаку. Работите што порано ви беа забавни веќе нема да ви бидат важни. Вие само ќе сакате да го поминете вашето време обидувајќи се да ги излечите вашите рани. Вистинските пријатели ќе бидат со вас во тешките времиња да ви помогнат и утешат.rn

4. Физичкиот резултат од кршењето на срцето е реален и боли речиси исто колку и вашите емоции

rnФизичките симптоми по раскинувањето се многу реални. Ќе ве болат градите, ќе се чувствувате исцрпени, со главоболка од плачење, а можеби дури и ќе чувствувате општа болка од глава до пети. Во овој период, важно е да се грижите за вашето физичко тело како што е важно да се грижите за емоциите.rn

5. Вашето срце полека ќе заздрави

rnНајголемата лекција од сите, онаа што ќе остане со вас со месеци, години, децении, е неверојатната моќ што ја имате кога станува збор за заздравување на оваа рана. Иако на почетокот ќе ви се чини невозможно, сепак наскоро повторно ќе почнете да се чувствувате себеси. Ќе ги преживеете и овие моменти бидејќи сте силни!rnrnОткако прочитавте за работите што ве очекуваат доколку некој ви го скрши срцето, можеби ќе сакате да прочитате и овие 5 лаги што си ги кажувате по раскинувањето поради кои останувате со скршено срце.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs