Кого да поканите на вашата венчавка е одлука околу која поголемиот дел од младенците најчесто се расправаат. Треба ли да ги поканите роднините кои не сте ги виделе со години? Или пријателката со која комуницирате само преку Фејсбук? Ви откриваме 10 личности кои не мора да ги поканите на вашата венчавка.rnrn
rn
1. Најдобрата пријателка од средно со која денес ве врзува само еден лајк на Фејсбук
rnМожеби во средно образование сте си позајмувале облека, сте спиеле една кај друга и со часови сте разговарале за момчиња, но ако вашата комуникација денес се сведува на повремен лајк на Фејсбук, таа пријателка не мора да ја поканите на вашата венчавка.rn
2. Отуѓените роднини и пријатели
rnОд некои роднини и пријатели сте оддалечени без некаква посебна причина, од други заради караница. Ако не можете да замислите да се венчате без присуство на таа личност можеби е време да ја контактирате и да ги закопате „секирите на војната“. Но, ако помислата на тоа повторно да стапите во контакт со таа личност во вас буди чувство на тешкотија наместо чувство на олеснување, избегнете какви било негативности и немојте да ја ставате на вашата листа со гости.rn
3. Пријатели од пријателите на пријателите
rnПонекогаш со таа личност се наоѓате во заедничко друштво, но ако таа личност не е некој со кој насамо би испиле кафе не морате да чувствувате обврска дека морате да ја поканите на вашата венчавка.rn
4. „Пријателката“ која ве искористува
rnАко имате „пријателка“ која ви се јавува само кога ѝ е потребно нешто и живее за да создава драма, подобро немојте да ја поканите на венчавката. Таа можеби ќе се навреди заради вашата одлука, но зарем ви е потребна таква пријателка воопшто во вашиот живот? Сочувајте ја столицата за пријателите и членовите од семејството кои искрено се грижат за вас.rnrn
rn
5. Колегите со кои не се гледате надвор од работното место
rnНепишаното правило вели дека на венчавката треба да ги поканите само колегите со кои се гледате и надвор од работното време, односно колегите кои ви се и пријатели. Што се однесува до сите останати, не мора да чувствувате притисок дека сте обврзани да ги поканите на венчавката.rn
6. Момчето на вашата братучетка со кого постојано раскинува
rnВашата братучетка има момче со кое раскинала веќе неколкупати, па повторно се смирила? Кој знае во која фаза ќе биде до вашата венчавка, па воопшто не мора да се чувствувате виновни ако не го повикате нејзиното момче.rn
7. Соседите
rnАко тие соседи не би ги поканиле на вечера кај вас дома или вашите разговори траат онолку колку што ви е потребно да го почекате лифтот или да го фрлите ѓубрето, не мора да се двоумите околу тоа дали да ги поканите на венчавката или не.rnrn
rn
8. Роднини од трето, четврто, петто… колено
rnМногумина од нас далечните роднини ги гледаат отприлика на секои 5 години (или поретко), на семејните собирања. Рака на срце, тие луѓе најверојатно не ги познавате добро, ниту ви се блиски, па денот на вашата венчавка може да помине и без нив.rn
9. Поширокиот круг на семејни пријатели
rnБез оглед на тоа дали ги познавате тие луѓе со години, без разлика дали станува збор за некогашни соседи или луѓе со кои сте оделе во училиште, ако со нив не разговарате со години, освен повремените кратки разговори кога ќе се сретнете во маркетот, не мора да ги повикате на венчавката.rn
10. Секој кој не е среќен за вас
rnВлегувањето во брак треба да го славите со луѓето кои ве сакаат и кои се среќни за вас. Личноста која не е среќна за вас не заслужува да ја повикате на вашата венчавка. На толку прекрасен и важен ден окружете се со луѓе со кои ќе се чувствувате сакано, опуштено и среќно.rnrnА, доколку вие добивте покана за свадба, тогаш погледнете ги овие модни комбинации со чија помош ќе се издвоите од останатите гости на свадбата.