КАФЕ ПАУЗА

5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светот

5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светот

Инстаграм, Твитер и ТикТок ви нудат различни совети за убавина и ве учат на трикови за шминкање кои, морате да признаете, доста ви го олеснија животот. Покрај тоа, социјалните мрежи се оние кои најчесто ги дефинираат модните трендови. Најновиот тренд е гласањето за најдобри парфеми на пазарот.rnrn5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светотrnrnВо продолжение ви ги претставуваме најактуелните парфеми кои ги освоија за миг жените ширум светот.rn

1. Love, Don’t be shy од Kilian

rnПарфемот изобилува со неодоливи слатки ноти на портокал, ванила и маршмелоу и е еден од фаворитите на Ријана.rnrn5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светотrn

2. Baccarat Rouge 540 од Maison Francis Kurkdijan

rnОвој парфем стана вистински хит благодарение на ТикТок. Станува збор за мирис кој содржи ноти на јасмин, шафран и кедар. Сите кои што го пробале ќе ви кажат дека навистина е долготраен.rnrn5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светотrn

3. Red Temptation од Zara

rnИако можеби не е толку софистициран како другите парфеми на оваа листа, сепак овој парфем потсетува на скапи и рафинирани парфеми и е подостапен за пошироката потрошувачка публика.rnrn5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светотrn

4. Gypsy Water од Byredo

rnПарфемот се карактеризира со ноти на лимон, бибер, бобинки и бергамот. Инфлуенсерките го опишуваат како освежувачки и долготраен.rnrn5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светотrn

5. Replica Beach Walk од Maison Margiela

rnСе работи за апсолутниот фаворит меѓу парфемите на ТикТок. Овој парфем содржи цитрусни ноти со мешавина од кокосово млеко, бергамот и бибер.rnrn5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светотrnrnОткако прочитавте кои се 5-те најпопуларни парфеми на социјалните мрежи, можеби ќе сакате да ги прочитате и нашите  совети за купување и нанесување парфем.rnrnИзвор: lepotaizdravlje.rs