КАФЕ ПАУЗА

5 начини како да ги носите вашите шишки додека чекате да пораснат

Сигурно на повеќето од вас барем еднаш ви се случило да ги скратите вашите шишки, но бргу сте се премислиле и сте одлучиле повторно да ги оставите да пораснат. Проблемот настанува во меѓувреме – шишките ви се предолги и ви сметаат, но повеќе не сакате да ги кратите, затоа што целта ви е да ги оставите да пораснат приближно до должината на остатокот од косата.rnrnrnrnПогледнете ги овие пет предлози кои ви нудат решение да се борите со нив додека ви паѓаат во очите и ви сметаат.rnrn1. Завртете ги. Едноставно фатете ги шишките заедно, поделете ги на половина, па извртете ги на страната или наназад, фаќајќи ги со шнола.rnrnrnrn2. Исплетете ги. Многу лесно можете да ги тргнете шишките од лицето со помош на плетенка. Едноставно од патецот или од увото почнете да плетете плетенка каде што ќе ги вметнете и шишките.rnrnrnrn3. Закачете ги едноставно. Шишките можете да ги тргнете и на тој начин што едноставно со шнола ќе ги фатите на страна или наназад. Користете шноли во боја доколку сакате да изгледате поубаво.rnrnrnrn4. Сокријте ги. Исчешлајте ги шишките назад или на страна, па фиксирајте ги со трака, марама и слично. На овој начин ќе добиете интересна женствена фризура, а притоа шишките нема да ви пречат.rnrnrnrn5. Пунџа на врвот од главата. Оваа сезона пунџите на врвот на главата станаа апсолутен хит којшто може да се види како на познатите личности, така и на манекенките ширум модните писти. Најдобро е да го приберете горниот дел од косата, заедно со шишките, па да направите пунџа над челото. На овој начин шишките ќе бидат фиксирани и тргнати од вашето лице.rnrn