КАФЕ ПАУЗА

Што може да се случи ако се откажете од социјалните мрежи?

Written by

in

,

Можете да негирате колку сакате, но ако проверувате Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Снепчет повеќе од еднаш дневно, вие без сомнение имате потреба од пауза од социјалните мрежи. За да ве инспирираме на овој чекор, кој ќе биде многу добар за вашето здравје, психичко и физичко, ви ги претставуваме следниве 8 нешта кои можат да се случат доколку тргнете по овој пат.rn

1. Најпрво може да ви биде многу здодевно

rn(1) Што може да се случи ако се откажете од социјалните мрежи?rnrnФакт: Проверувањето на вашиот имејл на секои 15 минути не е толку интересно како проверувањето на Снепчет на секои 15 минути. Нема нов имејл. Ах, само што ви стигна спам. Нема нов имејл. Нема нов имејл. Почнувате да се проѕевате…rn

2. И одеднаш случајно ќе отворите Инстаграм милион пати

rn(2) Што може да се случи ако се откажете од социјалните мрежи?rnrnУпс, вие само сакавте да го проверите времето и одеднаш сите социјални апликации ви се отворија. Тоа е мускулна меморија, едноставно не можете да се борите против вашите прсти.rn

3. Но, потоа ќе почнете да сфаќате дека сте многу поприсутни во моментот

rn(3) Што може да се случи ако се откажете од социјалните мрежи?rnrnСамо за забава, излегувате на прошетка во природа и намерно го оставате телефонот зад себе. Следува прекрасно искуство кое целосно ќе ве опушти.rn

4. Големи се шансите и дека нема да налетате на толку многу знаци за СТОП

rn(4) Што може да се случи ако се откажете од социјалните мрежи?rnrnЧудесно е тоа што се случува кога гледате пред вас додека се движите… На пример, нема теоретски шанси да се здобиете со потрес на мозок од удар со глава во нешто на патот…rn

5. Ќе почнете многу повеќе да читате

rn(5) Што може да се случи ако се откажете од социјалните мрежи?rnrnСо сето ова новооткриено слободно време, ви конечно можете да ја завршите книгата која ја почнавте пред неколку месеци (или години), и од тогаш само ја префрлате од едно место на друго. Чувте дека љубителите на пишаниот збор живеат многу подолго?rn

6. Вашите пријатели сè уште ќе ве сакаат

rn(6) Што може да се случи ако се откажете од социјалните мрежи?rnrnНе грижете се, тие нема да ве заборават ако не сте на Фејсбук. Ви ветуваме! Но, дефинитивно ќе почнат повеќе да ве покануваат за излегување преку повици, наместо преку онлајн пораки. Можеби дури и во живо. Да не ви се верува!rn

7. Ќе сфатите дека уживате во моментот

rn(7) Што може да се случи ако се откажете од социјалните мрежи?rnrnНаместо да си помислите: „Ах, колку добро изгледа овој чизбургер“, ќе сфатите дека едноставно можете да станете од кревет и да изедете вистински чизбургер. Чувството ќе биде незаборавно.rn

8. Постојат шанси и засекогаш да ги деактивирате вашите профили

rn(8) Што може да се случи ако се откажете од социјалните мрежи?rnrnСè додека не станете љубопитни за бившиот или бившата, откако ќе налетате на нив додека се шетате низ парк… И потоа сè почнува од почеток!