Дали ви се смешкаат или прават некаква гримаса? Дали ве гледаат од другиот крај на собата или го гледаат часовникот над вашата глава? За срамежливите луѓе може да се каже дека го претставуваат еквивалентот на „покер лицето“, бидејќи не откриваат ништо. Или можеби сепак откриваат? Трикот е да обрнете внимание на малите, незабележливи детали, па во продолжение прочитајте за што станува збор.rnrn
rn
1. Користат суптилни гестови
rnСигурно нема да застанат пред вашиот прозорец со едно огромно радио од кое ќе се слуша песната „In Your Eyes“ од Питер Габриел. За нив животот не е романтична комедија. Но, тоа не значи дека нема да ви се насмевнат или да ве погледнат и веднаш потоа да се свртат на другата страна. За нив суптилноста е клучна.rn
2. Можат да бидат чудни (на почетокот)
rnТука се вбројуваат неконтролираните смеења кои не се соодветни за разговорот, пелтечењето или бесмислените фрази и реченици. На вас е да ја прифатите оваа нивна чудност и да реагирате позитивно на неа. Како што поминуваат минутите, таа полека ќе почне да исчезнува и вистинската личност ќе излезе на површината. Всушност, срамежливите луѓе флертуваат сосема случајно.rn
3. Нервозни се
rnДури и во најобичните ситуации проследени со културен разговор, срамежливите луѓе можат да бидат многу нервозни и да паничат без потреба. Ова може да биде знак дека им се допаѓате, но може да биде и знак дека навистина им е непријатно. Срамежливите луѓе се комплицирани личности.rn
4. Поудобно им е кога флертуваат на интернет
rnМожеби сте забележале дека срамежливите луѓе делуваат посамоуверено и посмело кога флертуваат со вас преку социјалните мрежи, отколку кога разговараат лице в лице. Меѓутоа, тие нема да одговорат веднаш на вашите пораки, особено ако им се допаѓате, бидејќи сакаат да смислат добар одговор со кој ќе ве импресионираат. Во тие моменти, немојте да помислите дека ве откачиле и мислат дека сте Џаба Хат. Напротив, дајте им време и ќе ве изненадат со својата харизма за која не ни знаевте дека ја поседуваат.rn
5. Не сакаат да зборуваат за себе
rnСрамежливите луѓе се чувствуваат неудобно и непријатно кога се во центарот на вниманието. Затоа, ќе ве прашаат што правите вие, што размислувате, што има ново во вашиот живот итн. Ова е начин на кој се обидуваат да го продолжат разговорот, а да не мора да зборуваат за себе.rn
6. „Случајно“ ве допираат
rnАко постојано бараат изговори да ве допрат на рамото, на дланките или на грбот, тоа може да значи дека флертуваат со вас. За да бидете сигурни, погледнете како се однесуваат со другите луѓе. Ако не го прават истото со сите, тогаш дефинитивно се заинтересирани. Но, има и луѓе кои природно сакаат да гестикулираат со рацете и да ги допираат луѓето, па затоа внимавајте.rn
7. Поотворени се кога пијат алкохол
rnТоа не значи дека треба да ги опијаните и да ја искористите шансата. Тоа е сосем погрешно. Но, дури и срамежливите луѓе се порелаксирани во социјалните ситуации и дружења во кои е вмешан алкохолот. Како што се обидувате да се поврзете со нив и нивната природа, запомнете дека можеби само чекаат прилика да ви кажат како се чувствуваат. Па, ако сѐ уште сте несигурни, тогаш слободно прашајте ги. Можеби и вие по малку се срамите како нив, но некој мора да го направи првиот чекор. Зошто тоа да не бидете вие?
