Благодарение на Интернетот и неговата моќ за брзо ширење информации, без разлика дали се вистинити или лажни, митовите земаат најголем замав досега. Овие верувања се сосема погрешни, но сепак жените веруваат во нив, и поради тоа нивната коса неретко страда. Па, ако сакате подобро да се грижите за вашата коса, погледнете ги следниве 5 митови во кои веднаш да престанете да верувате.rnrn
rn
1. Првутот е знак за сува кожа
rnВерувале или не, првутот се појавува на темето што произведува вишок себум. Па, ако досега сте користеле шампон за сува коса, во обид да се изборите со првутот, ви препорачуваме да го замените со оној што е специјализиран за овој проблем.rn
2. Подобро е да ја оставите косата сама да се исуши
rnИако топлината од фенот може површински да го оштети влакното, ако ја оставите косата сама да исуши, големи се шансите воздухот негативно да влијае на целата структура на влакното, особено ако температурата е пониска. Водата што е во влакното на тој начин подолго останува во него и му прави притисок. Најдоброто нешто што можете да го направите за вашата коса е да користите комбинација од топло и ладно сушење со фен или да ја оставите самата да се исуши за време на топлите летни денови.rn
3. Почестото чешлање ја одржува косата поздрава
rnЧестото чешлање може рамномерно да ги распореди природните масла поради коишто косата ќе изгледа поубаво, но ако претерувате со чешлањето, влакната можат и да испукаат.rn
4. Редовното шишање го забрзува растењето на косата
rnЗа жал, ова е далеку од вистината. Косата расте од коренот, а не од врвовите, па со нивното кратење нема воопшто да го забрзате овој процес. Растењето може да се забрза со одредени видови масла, а со редовното шишање ја одржувате уредна и здрава.rn
5. Седата коса настанува од нервози
rnЗа седите влакна се заслужни само гените, и секако, стареењето. Со годините, телото произведува помалку меланин, што резултира со појава на бели влакна. Сепак, тоа што нервозата може да го предизвика, е зголемено опаѓање на косата.rnrnПрочитајте ги и овие 7 митови за бојадисувањето на косата во кои треба да престанете да верувате.