7 митови за бојадисувањето на косата во кои треба да престанете да верувате

Сподели

Без разлика дали ги прекривате белите влакна или пак, само сакате да ја промените бојата, сигурно сте слушнале многу митови за бојадисувањето на косата. Сепак, не се сите вистинити, па време е да престанете да верувате во овие 7.

Реклама

rn

1. Бојадисувањето го намалува волуменот

rnВажи токму спротивното. Состојките за осветлување на косата ја подуваат кутикулата, па влакната изгледаат погусти и подебели. Кога станува збор за бојадисување, подувањето всушност е добро. Со тоа бојата полесно се нанесува на косата.rn

2. Бојадисувањето може да ја оштети косата

rnБидејќи со боите за коса се отвора кутикулата на влакното, тоа може да предизвика штета. Но, ако ги користите правилните производи можете да ја намалите. Побарајте регенератор за коса што ќе ја задржи влажноста на вашата коса и ќе го спречи пукањето на влакната.rn

3. Мора да ги бојадисате и веѓите

rnНема потреба од ова. Всушност, контрастот помеѓу веѓите и косата изгледа навистина добро. Темните веѓи многу подобро го врамуваат вашето лице отколку светлите.rn

4. Во ред е да ја миете косата по бојадисувањето

rnПотребно е да почекате барем 72 часа по бојадисувањето на косата. Толку време им е потребно на кутикулите целосно да се затворат и да ја „заробат“ бојата. Штом ќе почнете со миење, користете млака или студена вода за да не ја исушите косата. Исто така избегнувајте базени барем 2 недели по бојадисувањето бидејќи хлорот може да ја промени вашата нијанса.rn

5. Тешко е самите да ја бојадисате косата дома

rnДенес бојадисувањето на косата е навистина едноставно. Изборот на бои за коса е огромен и можете многу лесно да ја промените бојата и во домашни услови. Покрај тоа ќе ви бидат потребни само околу 25 минути.rn

6. Можете да ја бојадисувате косата во кое било време

rnЗа бојадисувањето да биде ефективно, потребно е косата да биде колку-толку чиста. Не треба да имате нанесено други продукти како восок или лак за коса. Најдобро е косата да ја измиете 24 до 48 часа пред бојадисувањето.rn

7. Нема потреба од скапи шампони за бојадисана коса

rnИнвестирањето во продукти кои се наменети за бојадисана коса е добро. Овие продукти не само што ќе ја одржат бојата подолго време, туку ќе ги вратат сјајот и влажноста на вашата коса.

Погледнете и кои се најчестите грешки при бојадисувањето на косата во домашни услови.

Популарно

Може ќе ве интересира