Дали некогаш сте биле изневерени? Неверството е една од најсилните причини за прекин на една врска. Никој не го посакува, но сепак се случува многу често. Па, што може да се научи од ситуацијата во која многумина се нашле, а сепак успеале да ја надминат и да продолжат со животот?rnrn
rnrnВо врска сте, задоволни и среќни, а не можете да го игнорирате чувството дека нешто се случува со вашиот партнер. Можеби мечтаете за брак, веќе имате испланирано сè до најситен детаљ, дури најдовте и имиња за идните деца и почнавте да ги планирате вашите идни заеднички патувања. Потоа се случува пресврт!rnrnДознавате дека вашиот дечко имал паралелна врска со друга девојка, одредени луѓе околу вас знаеле, но го криеле тоа поради некоја причина. Моментот кога го откривте неверството е премногу болен за да се опише со зборови. Ве болат предавствата од двете страни, и таа од вашиот партнер, но и онаа од луѓето кои немале храброст да ве соочат со вистината.rnrnАко бидете изневерени кај вас ќе се разбудат чувства што никогаш претходно сте ги немале во таков степен: се исполнувате со ужас, гнев, бес, лутина, разочарување…. Ако сте поминале низ ова, сигурно сте ги научиле и овие 5 лекции…rn
1. Не можете да промените личност што не сака да се промени
rnМожеби нема да зажалите поради тоа што сте биле вљубени, но дефинитивно ќе зажалите што сте се обидувале да ја покажете вашата вредност и сте дозволиле некој друг да доминира врз вас. Ова се случува кога се носат очила обоени во розова боја. Тие не дозволуваат да го забележите црвеното знаме.rn
2. Постои разлика помеѓу чувствата на „скршеност“
rnНа почеток не правите разлика во вашите изјави. Можете да изјавите дека „тој ве скршил“ или „дека сте се чувствувале скршено“ како резултат на тоа што тој кон вас се однесувал мизерно. Но, откако ќе се пронајдете себеси, можеби дури и откако ќе решите да посетите терапевт кој ќе ви помогне полесно да се соочите со ситуацијата, ќе сфатите дека тоа било само чувство. Тој темен, изолиран и беспомошен свет во кој сте живееле постоел единствено во вашата глава. Сте му дозволиле да ја преземе контролата врз вашиот живот иако не сте повеќе во врска. Мора да се изборите за повторно да ја преземете контролата која многу лесно сте му ја дале на вашиот поранешен партнер.rn
3. Тагувањето не е линеарен процес, затоа не се плашете да бидете лути или тажни
rnСо секој прекин на врска вие тагувате за загубата на заедничката иднина со некој со кој сте си го замислувале животот. Кога ќе го додадете на ова и неверството имате оправдани причини да чувствувате сè што чувствувате. Сите различно реагираат на неверството: некои се исполнуваат со гнев и желба за правда, а некои се обидуваат да пронајдат зрно светлина и во целосниот мрак. Сепак, мора да работите на чувствата што ви се појавиле бидејќи во тој процес можете да откриете некои ваши внатрешни верувања и тие ќе ви помогнат да сфатите каква е вистинската ситуација. Поради тоа, мора да бидете трпеливи со себеси, да не се обвинувате и да си дадете онолку време колку што ви е потребно за да закрепнете!rn
4. Верувајте им на инстинктите бидејќи вашето време е драгоцено за да го трошите залудно
rnАко некој внатрешен инстинкт ви вели дека нешто се случува, послушајте го и сериозно разговарајте со вашиот партнер. Чувствата што ви се јавуваат во врска со вашиот однос не ги потиснувајте и обрнете им внимание бидејќи не се појавиле залудно. Не му дозволувајте на партнерот да преземе целосна контрола врз вашите инстинкти, а вие само немо да набљудувате од сенка.rn
5. Простувањето е свесен избор кој мора да го правите повеќепати
rnДали сте слушнале дека кога одбивате да простите е исто како да пиете отров и да очекувате некој друг да се отруе? Ако вашиот партнер нема грижа на совест за тоа што го направил можеби ќе мислите дека тој не заслужува да му се прости. Но, простувањето нема ништо со него, туку со вас и со вашето ментално здравје. Невозможно е да продолжите понатаму ако гневот ви го исполнува умот. Простувањето нема да го избрише тоа што се случило, само ќе ви помогне да продолжите со другите поглавја од вашиот живот.rnrnДознајте и кои се тие работи што се менуваат во врската после неверството.