Без разлика на тоа колку го сакаме убавото и сончево време, топлите температури и останатите чуда на летото, еден момент сепак ни пречи, а тоа е косата! Што да правиме со неа? Секако, ако е чиста и убава, не сакаме веднаш да ја врзуваме во неуредно опавче, но понекогаш едноставно немаме друг избор. Кога е топло, никој не прашува за убава фризура.rnrn
rnrnСепак, неуредното опавче не е единствената фризура која можете да ја изберете кога надвор има горештини или кога од која било причина сакате да направите нешто со вашата коса. Постојат неколку тренди фризури кои лесно се прават, а кои се атрактивни и совршени за сите прилики.rn
1. Класично, но на нов начин
rnКога надвор е топло, а сакате да изгледате женствено и романтично, одличен избор е собраната коса, но на еден поразличен начин. Можеби баш вака, вклучувајќи ја и омилената лента за коса. Слатко, зар не?rnrn
rn
2. Романтично и слатко
rnЛетните вечери нѐ асоцираат на романтични, долги прошетки покрај реката со нашиот партнер. За таа прилика, испробајте едноставна, а убава фризура во духот на шеесеттите и со неа надополнете го вашиот омилен летен фустан.rnrn
rn
3. Елегантна Парижанка
rnГо обожавате Париз? Тогаш испробајте ја оваа фризура која дише со париски шик и која е број еден кај Французинките. Воопшто не е тешко да ја направите, а доколку навистина ви е потребна помош, вклучете ја вашата најдобра пријателка.rnrn
rnrnПреминете на следната страница за останатите 2 фризури…rn