5 лакови за нокти што најдобро одговараат со темен тен

Сподели

Иако повеќето девојки ја одбираат бојата на лакот според комбинацијата на облека, летото е период кога лакот можете да го комбинирате со вашиот тен. Ако сакате да го нагласите темниот тен што се го добиле за време на летниот одмор, одберете една од овие бои за вашите нокти.rn

Реклама

1. Бела во сите нијанси

rnБелиот лак за нокти е вистински фаворит помеѓу трендсетерките ширум светот. Причината е контрастот помеѓу светлиот лак и темниот тен. Ноктите доаѓаат до израз и одлично се вклопуваат со бронзената боја на кожата. Можете да ја одберете која било нијанса, изборот е само ваш.rn

2. Пастелни бои

rnАко обожавате лакови во боја, а сепак сакате да постигнете и контраст со вашиот тен, пастелните бои се совршениот избор. Тие го имаат истиот ефект како и белиот лак, само се потопли и поведри.rn

3. Црвена боја

rnНе мора да се откажете од црвената боја во текот на летото. Светлите црвени нијанси и оние со портокалови тонови се одлични. Ако сакате да одморите од класичната црвена, слободно лакирајте ги ноктите со портокалов лак. Овие бои изгледаат одлично во комбинација со темниот тен.rn

4. Сите нијанси на сина и зелена

rnИако сината и зелената се студени бои, тие одлично се вклопуваат со темниот тен. Тиркизната, светлосината или зелената боја се навистина популарни ова лето. Ноктите во овие бои нема да поминат незабележано.rn

5. „Голи“ нијанси

rnНијансите со боја на кожа се вечна класика во светот на убавината. Тие се комбинираат со сè, па дури и со темниот тен. Никогаш нема да направите грешка со оваа боја, а изгледа одлично и на пократки нокти.

Погледнете ги и овие летни колоритни дизајни на нокти.

Најново

Може ќе ве интересира