Поучна приказна: Научете да ги препознавате „змиите“ околу вас

Сподели

Една жена имала возрасен питон, змија која многу ја сакала. Оваа нејзина змија од 4 метри одеднаш едноставно престанала да јаде. По неколку недели поминати со неуспешни обиди да ја нахрани, нудејќи ѝ се што една змија би посакала да изеде, очајната жена решила да ја одведе на ветеринар.

Реклама
Реклама

Ветеринарот ја сослушал целата приказната и мака на жената, а потоа ја прашал: „Дали вашата змија спие со вас за време на ноќта, се замотува околу вас или се приближува многу близу, па се раширува по целата своја должина?“

Реклама
Реклама

Жената се изненадила и со многу надеж одговорила: „Да! Да! Тоа го прави секојдневно и многу ме растажува бидејќи знам дека бара нешто од мене, а јас не можам да ѝ помогнам да се почувствува подобро.“

Ветеринарот со загрижен тон во гласот ѝ одговорил: „Госпоѓо, вашиот питон не е болен, тој се подготвува да ве изеде. Секој пат кога тој се припива до вас и ве ‘прегрнува’, мотајќи се околу вашето тело, тој ја мери вашата големина со цел да открие колку голем оброк сте и колкав треба тој да биде пред нападот. И да, не јаде со цел да има доволно место за вас откако ќе ве удави и проголта.“

Реклама

Поуката и пораката на оваа приказна е дека мора секогаш да ги препознавате „змиите“ околу вас и нивната вистинска намера. Само затоа што некој кој е во ваша близина често ве прегрнува и бакнува, не значи и дека неговите или нејзините намери се добри…

Најново

Може ќе ве интересира