КАФЕ ПАУЗА

Зошто сите полудеа по тренинзите на Клои Тинг?

Зошто сите полудеа по тренинзите на Клои Тинг?

После неколку месеци во карантин, време е да повторно да се активирате и да заборавите на чипсот кој го јадевте секогаш додека гледавте серии. Ако не знаете како да започнете, ние го имаме вистинскиот тренер за вас. Брзите и минималистички тренинзи на Клои Тинг во последно време станаа многу популарни и луѓето навистина полудеа по нив.rn

Како тренинзите на Клои Тинг станаа толку популарни?

rnКлои Тинг го започнала својот јутјуб-канал со дискусии за модата и предлози за егзотични дестинации. Таа го прави тоа од 2011 година, а во 2017 година започнала да снима дневни тренинзи кои денес сите ги обожаваат.rnrnПричината поради која таа стана омилена е затоа што многу од нејзините следбеници испраќаат пред и потоа фотографии од две неделните вежби за стомачни мускули. Погледнете ги видеата и ќе видите за што станува збор.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=7Hy9o6e_TiUrnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=2pLT-olgUJsrn

Дали нејзините тренинзи се тешки?

rnМожеме да претпоставиме дека нејзините следбеници се почетници во вежбањето, а гледајќи ги нејзините видеа имаме чувство дека тоа се вежби кои секој може да ги прави. Кога ќе започнете, ќе откриете дека тоа не е така и дека тие навистина не се толку лесни како што изгледаат. Тренинзите на Клои исто така можете да ги прилагодите на ваше ниво со менување на темпото.rnrnИако тренинзите на Клои Тинг се разновидни, знаеме дека за две недели не можеме да очекуваме големи промени ако не ги комбинираме вежбите со здрава исхрана. Најдобро е да одберете повеќе тренинзи од Клои, да се храните здраво и да вежбате редовно.rn

Дали луѓето очекуваат премногу од тренинзите на Клои Тинг?

rnМногу луѓе се разочарани поради нивниот недостаток на напредок. Сите очекуваат да видат голема разлика после 10-минутно вежбање, но вистината е дека ако не создадете рутина, не треба да имате големи очекувања.rn

Дали Клои е робот?

rnКлои Тинг навистина прави нејзините тренинзи да изгледаат лесно. Додека ги прави вежбите таа е целосно фокусирана, па постојат многу шеги дека таа никогаш не трепка, не покажува емоции и изгледа како робот. Како и да е, Клои Тинг не е никаков робот, туку таа веројатно e само подобра во нејзините вежби од повеќето од нас. Па, што чекате? Погледнете ги видеата во продолжение, комбинирајте неколку тренинзи и активирајте го вашето тело!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=2MoGxae-zyornrnhttps://www.youtube.com/watch?v=ixKRye1PqXUrnrnПрочитајте и за вежбање во лето: 7 вообичаени грешки што може да бидат опасни за здравјето.