КАФЕ ПАУЗА

15 причини зошто е интересно да сте во врска со девојка која премногу размислува

Има различни типови девојки, некои многу зборуваат, некои повеќе молчат, други многу се смеат, некои знаат повеќе да се муртат, има девојки кои сакаат луди забави, други мирни излегувања… Но, има и такви кои многу сакаат да размислуваат. Момците најчесто се плашат од овој тип на девојки, но нема потреба, затоа што девојките кои многу размислуваат знаат да бидат неверојатно забавни. Тие добро го промислуваат секој свој потег, а знаат да бидат и многу проникливи, така што со нив секогаш ќе имате голем број изненадувања. Еве зошто е добро да се забавувате со девојки кои многу размислуваат:rnrn(1) 15 причини зашто е интересно да се забавувате со девојка која премногу размислуваrn

1. Од неа секогаш ќе добивате прекрасни подароци

rnОвие девојки ништо не оставаат на случајноста, па затоа кога треба да му купат подарок на момчето, добро ќе размислат што би го израдувало најмногу. Нив не им е тешко со часови да пребаруваат по веб-сајтовите или да поминат километри да го најдат совршениот подарок за својот сакан.rn

2. Тие не кажуваат работи во кавгите за кои подоцна се каат

rnОвие девојки се многу остроумни дури и кога се расправаат со своето момче. Од нивната уста никогаш нема да излезат погрдни зборови за кои подоцна би се каеле. Секогаш излегуваат со аргументи, а не со навреди. Кога тие кажуваат нешто, тоа вистински го мислат.rn

3. Секогаш знаат кога нешто е погрешно

rnТие имаат умешност да ја препознаат и најмалата промена во вашите очи и во вашата насмевка. Но, истовремено, ако направат некоја грешка и ве вознемират, знајте дека многу брзо ќе следува и извинување од нивна страна, затоа што знаат кога нешто е погрешно.rn

4. Тие се подготвени за секаков вид сценарио

rnОвие девојки се навистина неверојатни. Како што веќе кажавме, не оставаат ништо на случајноста, па така нема да дозволат дождот да ви го расипе пикникот. Тие одеднаш ќе извадат чадори од своите чанти. Исто така, во нивните чанти можат да се најдат и средства за дезинфекција, основни лекарства, батерија за осветлување…rn

5. Смислуваат неверојатно интересни места за излегување

rnОвие девојки размислуваат длабоко и знаат дека за една врска да биде успешна, потребно е да се внесе свежина и авантуристички дух во неа. Затоа таа нема да бара од вас секоја недела да одите в кино. Не, момци, доколку имате девојка која многу размислува, најверојатно со неа многу почесто ќе завршувате на најневеројатните места за кои никогаш не сте помислиле дека можете да одите со својата партнерка.rn

6. Секогаш ќе добивате поддршка во тешки ситуации

rnОвие девојки се секогаш подготвени да му помогнат на своето момче да излезе од метежот во кој се нашол по своја вина или поради некој надворешен фактор. На пример, доколку се појави одреден проблем меѓу вас и вашиот шеф, единствено што треба да направите е да ѝ дадете детали за ситуацијата. Бидете сигурни дека набрзо ќе ви претстави начин како најбезболно да излезете од проблемот и да најдете решение на настанатиот проблем.rn

7. Тие не знаат да живеат со лага

rnОвие девојки многу размислуваат, а тоа најчесто значи дека во нив се развива чувство на вина, бидејќи имаат тенденција многу детално да ги анализираат нештата. Поради тоа, често наоѓаат вина во себе за одредени ситуации и поради тоа, сакаат отворено да разговараат за сите прашања.rnrn(2) 15 причини зашто е интересно да се забавувате со девојка која премногу размислуваrn

8. Никогаш не ги забораваат важните настани

rnДевојките кои претерано размислуваат не само што не ги забораваат важните настани од својот живот и од животот на своите блиски, туку тие со месеци однапред почнуваат да планираат изненадувања. На пример, за роденденот на своето момче тие ќе ги осмислат сите детали. Едноставно сакаат да се малку пред времето.rn

9. Се грижат за вашето мислење

rnТие едноставно сакаат да ви биде убаво, па така доколку сте излезени и забележат дека нешто не ви се допаѓа, тие нема себично да продолжат со својата забава. Едноставно сакаат да уживате заедно во моментите. Овие девојки ќе дадат сè од себе да бидете среќни со нив.rn

10. Сакаат да прават планови за иднината

rnНемојте да се изненадите доколку еден ден не одлучат да ви ја претстават својата иднина во детали. Доколку се забавувате со ваква девојка бидете спокојни, ако сакате да го поминете остатокот од својот живот со неа, не мора да се грижите околу вашата свадба, таа веќе сè има испланирано.rn

11. Никогаш не избрзуваат со одлуките

rnОвие девојки сакаат убаво да размислат за сите нешта што се случуваат во нивните животи. На пример, тие никогаш нема дома да ви донесат некое кученце или маченце, без претходно да разговара со вас и добро да размислите дали имате услови да чувате милениче. Она што ги краси овие девојки е тоа што најпрвин мислат, а потоа дејствуваат.rn

12. Нивните мозоци во секое време работат под полна пареа

rnПа, токму затоа се и толку паметни.rn

13. Секогаш мислат на нештата кои се однесуваат на вас

rnДевојките кои размислуваат немаат никаков проблем да ве потсетат да си ја испеглате кошулата за утрешното интервју за нова работа или да си купите нови чевли кои совршено би одговарале со новиот костум. Тие едноставно се вашиот потсетник.rn

14. Ги набљудуваат ситуациите од најразлични можни агли

rnПред да донесат каква било одлука, тие ќе ги разглобат сите можни сценарија. Никогаш нема да направат одреден чекор без да ви најават. Тие не сакаат да ја повредат личноста во којашто се вљубени.rn

15. Тие имаат сериозни планови со вас

rnДевојките кои размислуваат најчесто имаат сериозни планови со момците со кои се забавуваат, инаку едноставно нема да се забавуваат со нив.