КАФЕ ПАУЗА

5 грешки во врската што ги прават луѓето со анксиозност

5 грешки во врската што ги прават луѓето со анксиозност

Анксиозноста може да има влијание на секој аспект од вашиот живот. Со правилен третман можете да ја контролирате и да живеете нормален живот. Но, понекогаш нормално е да изгубите контрола, а поради ова да направите и работи за кои подоцна ќе ви биде криво.rnrn5 грешки во врската што ги прават луѓето со анксиозностrnrnНавистина е тешко да го спречите влијанието на анксиозноста во вашата врска. Кога едвај се справувате со состојбата, потребно е да ја искористите целата ваша сила да не направите нешто непромислено.rnrnБез разлика дали вие или вашиот партнер се справувате со анксиозност, важно е да ги знаете честите грешки што ги прават овие луѓе во врските. Ако ништо друго, ќе можете навреме да ја забележите грешката и да ја спречите пред да настане проблем. Ова се петте најчести грешки во врските што ги прават луѓето со анксиозност.rn

1. Отсуство

rnМалку нешта се поважни во врската од тоа да бидете присутни за саканата личност, а анксиозноста може да го направи ова неверојатно тешка задача. Луѓето со оваа состојба не можат постојано да следат што се случува околу нив бидејќи се преоптоварени со нивните мисли. Но колку повеќе практикувате техники за смирување, толку полесно ќе ви стане да се справите со анксиозноста и да му го овозможите на партнерот она што му е потребно.rn

2. Обид за контрола на врската

rnАнксиозноста понекогаш ги тера луѓето да се обидуваат да го контролираат нивното опкружување со цел полесно да се справат со нивната состојба. Анксиозноста ве тера да мислите дека во секој момент може да се случи нешто ужасно. Поради ова, партнерот со анксиозност ќе се обидува да ја контролира врската со надеж дека ќе ги избегне потенцијалните катастрофи. За жал, ова често има лоши последици бидејќи на крај личноста се обидува да го контролира однесувањето на партерот.rn

3. Правење од ништо, нешто

rnСо анксиозноста сè изгледа полошо. Дури и најмалото нешто може да ви го расипе расположението и лесно е да настане конфликт за сосема неважна работа. За да го спречите ова, обидете се да имате јасна перспектива за ситуацијата и дајте си простор да се смирите и да се ослободите од напнатоста пред да направите или кажете што било.rn

4. Затворање поради претерано размислување

rnЕдна од најчестите карактеристики кај луѓето со анксиозност е претераното размислување. Кога анксиозноста ќе се „активира“, во вас почнува да владее несигурност, па голема е веројатноста да се затворите со цел да се заштитите.rnrnНо, ако сте во врска, ова значи дека се затворате и од партнерот. Со тоа само ја влошувате ситуацијата, па важно е да имате на ум дека вашиот партнер е секогаш овде за вас и ви го посакува само најдоброто.rnrnДоколку вашиот партнер страда од анксиозност, дајте му до знаење дека секогаш ќе му помогнете. Уверете го дека нема да му судите и дека може да се отвори пред вас без грижа.rn

5. „Истурање“ на гневот врз партнерот

rnПонекогаш ова губење контрола не е бидејќи партнерот ви направил нешто, туку само сакате да ве ислуша. Но, ако постојано му го правите ова, можете да го преморите партнерот и тој да се чувствува искористено. Вашиот партнер би требало да ве поддржува. Но, ваша одговорност е да ги почитувате неговите чувства и да не ја злоупотребувате поддршката.rnrnНајдоброто нешто што можете да го направите за да го спречите ова е да најдете друг начин да се ослободите од гневот, без разлика дали со физичко вежбање или со нешто креативно како пишување или цртање.rnrnДознајте и нешто повеќе за анксиозноста и зошто ги отежнува врските.