Развојот на една држава не секогаш може да се одредува по нејзиниот економски раст. Понекогаш една држава може да изгледа како развиена само поради менталитетот на луѓето. Од друга страна пак, повеќето држави во развој имаат навистина позитивен став кон околината.rnrn
rnrnСè започна со Бангладеш и тамошната забрана на пластиката за една употреба. Потоа се појавија и обидите за пошумување на Индија и Кина. Сега, на Филипините се донесе закон според кој секој ученик што завршува средно, треба да засади 10 или повеќе дрвја. Дури тогаш ќе му биде признато образованието.rnrn
rnrnТрадицијата на садење дрвја е формализирана со овој закон и е одличен чекор кон борбата со климатските промени. Според предвидувањата, доколку законот навистина се следи, од една генерација ќе бидат засадени околу 525 милијарди дрвја. Имено, повеќе од 12 милиони студенти завршуваат основно, 5 милиони средно и 500.000 завршуваат факултет. Па така, во една година, возможно е да се засадат барем 175 милиони дрвја. Математички, без проблеми би се засадиле околу 525 милијарди дрвја.rnrn
rnrnДрвјата ќе бидат садени на посебни места – во постоечки шуми, на напуштени рудни области, во урбани средини одбрани од властите и други заштитени области.rnrnОдбраните видови ќе бидат локални дрвја кои најдобро одговараат на местото, топографијата и климата. Ќе се преферираат локални дрвја.rnrn
rnrnОвој закон не само што ќе има влијание врз акумулирањето на јаглерод диоксид во нашата околина, туку ќе донесе и еколошка рамнотежа. Кога ќе се земе предвид нашето уништување, оваа рамнотежа е повеќе од потребна.rnrn
rnrnДоколку законот се следи правилно, Филипини може да стане и пошумен регион. Речиси и да не пости држава на којашто ѝ е потребен овој закон повеќе. Имено, Филипини е една од државите со најмалку шуми и во изминатиот век нивниот број се намалил од 70% на 20%. Поради малиот број дрвја, постојат повеќе поплави и лизгања на земјиштето кои дополнително ги оштетуваат останатите шуми и дрвја.
Средношколците на Филипините мораат да засадат по 10 дрвја пред матурирање
