Разделбата со личност со која сте биле многу блиски е болна, но понекогаш тоа е најдоброто решение. Сè се случува со причина, па така и разделбите, но тоа не значи дека две личности не може пак да бидат заедно понатаму во животот. Пред да одлучите да го разгорите стариот пламен, треба да си поставите неколку прашања.rnrn
rn
1. Дали го сакате партнерот или само чувството да бидете во врска?
rnСекоја врска има свои подеми и падови. Да бидете во врска е одлично, но да бидете сингл може да биде уште подобро.rnrnДа научите да бидете сингл е долг процес и тешко е да се помеша осаменоста со недостасувањето. Постојат многу други луѓе на овој свет и кога раскинувате со некого не треба да се ограничувате да размислувате само за таа личност.rnrnДајте си време да тагувате за изгубеното и потоа вратете се во нормала. Ако по одредено време сфатите дека никој не може да се мери со вашиот поранешен партнер, само тогаш е во ред да размислите за повторно поврзување.rn
2. Дали тој ве тера да бидете подобра личност?
rnДали вашето момче секогаш ве терало да го направите најдоброто за вас или само тоа што е во негова корист? Ако бившиот партнер никогаш не ве терал да бидете подобри од претходниот ден, тогаш зошто бевте со него?rnrnЛуѓето сакаат да се развиваат и да се менуваат како личности во текот на целиот свој живот. Останувањето во врска каде што никој не се развива не е здраво.rn
3. Дали имавте нешто заедничко?
rnПонекогаш спротивностите се привлекуваат, но мора да имате некоја вообичаена активност што двајцата уживате да ја правите заедно, освен гледањето филмови на „Нетфликс“.rnrnАко идејата да одите на голф со партнерот ви е одбивна, а ако тој не сака да оди во театар со вас, тогаш можеби не е баш најдобро да бидете повторно заедно.rn
4. Дали вашите пријатели и вашето семејство го сакаа вашиот поранешен партнер?
rnОдобрувањето на партнерот од страна на пријателите и семејството е многу важно затоа што тие може да видат работи во што вие првично не ги забележувате.rnrnПонекогаш и тие може да погрешат, но ако речат дека вашиот партнер не изгледа како добра личност, веројатно се во право; но вам можеби ќе ви треба повеќе време за да го сфатите тоа.rn
5. Дали се гледате со таа личност за пет години?
rnЗошто да го трошите вашето време на некоја личност ако не се гледате со неа на долг рок? Ако не се гледате со неа за пет години, замислете што ќе биде за 10 или 15 години.rnrnКога размислувате за тоа, ви се чини како измачување или благослов? Ако ви изгледа како тортура, веројатно се чувствувате осамено и враќањето назад кај бившиот не е баш добра идеја.rnrnОдвојте време да запознаете други луѓе и одете на љубовни состаноци за да видите што сакате и што не сакате во врската.rnrnНикој не може да ви каже дали треба да му се вратите на бившиот или не, но направете си услуга и не залажувајте се. Некогаш можеби ќе жалите што сте го потрошиле времето на нешто што не ви е од корист.rnrnРазмислете што ви се допаѓаше и што не ви се допаѓаше кај партнерот и во врската и ќе дојдете до одговорот.rnrnПогледнете какви проблеми може да настанат во врската поради ваши грешки, а не поради грешки на партнерот.