КАФЕ ПАУЗА

5 добри причини зошто треба да јадете семки од лубеница

5 добри причини зошто треба да јадете семки од лубеница

Можеби не сте навикнати да ги јадете семките од лубеница, но нивната хранлива вредност ќе ве убеди да ја промените таа практика. Семките од лубеница имаат малку калории и се богати со хранливи материи.rnrn5 добри причини зошто треба да јадете семки од лубеницаrn

1. Семките од лубеница содржат малку калории

rnГолем грст семки од лубеница тежи околу 4 грама и содржи околу 23 калории, а печените семки се навистина здрава закуска.rn

2. Тие се богати со магнезиум

rnМагнезиумот е еден од неколкуте минерали што се наоѓаат во семките од лубеница. Во 4 грама семки има 21 мг магнезиум, што е 5 % од препорадневната дневна доза.rnrnНационалниот институт за здравство препорачува возрасните да внесуваат 420 мг од овој минерал дневно. Магнезиумот е клучен за многу метаболички функции на организмот и е потребен за одржување на нервните и на мускулните функции, како и за заштита на имунолошкиот систем, на срцето и на коските.rn

3. Содржат железо

rnЕден грст семки од лубеница содржи околу 0,29 мг железо или околу 1,6% од препорачаната дневна доза. Можеби не изгледа како многу, но возрасните треба да внесуваат 18 мг железо на ден.rnrnЖелезото е важна компонента на хемоглобинот и му помага на вашето тело да ги претвори калориите во енергија. Но, семките од лубеница содржат и фитат, кој ја намалува апсорпцијата на железото и ја намалува нивната хранлива вредност.rn

4. Добри масти

rnСемките од лубеница се добар извор на мононезаситени и полинезаситени масни киселини. Овие масти се корисни во заштитата од срцев и од мозочен удар и го намалуваат нивото на „лошиот“ холестерол во крвта.rn

5. Цинк

rnСемките од лубеница се добар извор на цинк. Во 30 грама семки има околу 26% од препорачаната дневна доза. Цинкот е важна хранлива материја, неопходна за имунолошкиот систем. Тој е неопходен и за нормално функционирање на дигестивниот и на нервниот систем, за растот и за поделбата на клетките и за функционирањето на сетилата за вкус и мирис.rnrnПрочитајте зошто треба да јадете колку што е можно повеќе сини плодови ова лето.