КАФЕ ПАУЗА

5 чекори за надминување на мрзливоста

5 чекори за надминување на мрзливоста

Written by

in

,

Мрзливост е кога сè друго изгледа поинтересно од она што треба да се направи. Одложената работа само се натрупува, одеднаш сфаќате дека немате време за сè и тоа неизбежно води кон стрес. За да не се чувствувате така, пробајте да примените некои од следните совети, кои сигурно ќе ви помогнат.rnrn5 чекори за надминување на мрзливостаrn

1. Големите задачи поделете ги на помали делови

rnДоколку работите на некој голем проект, најдобро е да го поделите на помали делови. На пример, доколку пишувате дипломски труд, работата поделете ја во неколку етапи: истражување, концепт, прва верзија, уредување, проверка, финална верзија. Така нема да ве обземе страв од големината на задачата и истовремено полесно ќе ја завршите.rn

2. Работете со ментор

rnРаботете со ментор кој ќе ви даде увид во работата и напредокот, доколку самите не сте способни за тоа. На пример, доколку во теретана одите со личен тренер, поголема е веројатноста навистина да се придржувате до фитнес-режимот. Ќе бидете мотивирани и ќе се трудите што е можно побргу да дојдете до саканата цел.rn

3. Земете си слободен ден

rnСте имале прекрасна презентација или постојано сте работеле со денови? Одмерете, дајте си оддишка и одредете си еден слободен ден. Одете на кафе со пријателите или релаксирајте се во најблискиот спа-центар. За што и да се одлучите, ова ќе ви даде чувство на баланс и исполнетост по напорната работа.rn

4. Поделете ја работата со друг

rnМоже да побарате волонтер или пак да вработите некој помошник. Тоа нема да ве чини многу, ќе заштедите на време и истовремено ќе завршите повеќе нешта.rn

5. Потпрете се на технологијата

rnНа вашиот паметен телефон направете си потсетник со сите задачи кои треба да ги исполните. Организирајте си ги сите контакти и симнете си апликации за средување на финансиите. Така, нема повеќе да барате изговори за да не направите нешто и полесно ќе се сконцентрирате на конкретната задача.rnrnДа не се разбереме погрешно. На секој му се случува да има мрзлив ден, но внимавајте тоа да не ви прејде во навика.rnrn rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.