Храна која ќе ви помогне да се заштитите од сонцето

Сподели

Бидејќи летото е на самиот праг, важно е да почнете со заштита од сонцето. Не би требало целосно да го избегнувате бидејќи сепак, сонцето ни е извор на витаминот Д, но важно е правилно да се заштитите кога сте изложени на неговите зраци.

Реклама
Реклама

Кремите за заштита се задолжителни бидејќи тие ја штитат вашата кожа од оштетување, но постои начин да го заштитите и целото тело преку храната што ја консумирате. Одредени прехранбени продукти се богати со витамини и материи кои природно ја зголемуваат заштитата на кожата и го поттикнуваат нејзиното заздравување. Погледнете за кои намирници станува збор.rn

Реклама
Реклама

Бадеми

rnБадемите се одличен извор на витаминот Е кој помага во заштитување и обновување на кожата. Тие исто така содржат кверцетин кој го забавува стареењето на клетките на кожата со тоа што го раствора колагенот и го намалува појавувањето на лузни.rn

Домати

rnДоматите се нарекувани и природна заштита од сонце бидејќи содржат големо количество од антиоксидансот ликопен. Ликопенот е хранлива материја која се создава во растенијата и ги штити од штетите кои настануваат од природата и од УВ зраците. Тој исто така го намалува воспалението на кожата кое се јавува како резултат од изложеност на УВ зраците.rn

Реклама

Лосос

rnЛососот е богат со омега 3 масните киселини, а особено со еикозапентанонска киселина (EПА). Оваа киселина ја заштитува кожата од сонцето така што го продолжува времето кое ѝ е потребно да изгори.

Преминете на следната страница за повеќе видови храна што помага при заштита од сонцето…rn

Содржина /затвори

Најново

Може ќе ве интересира