Шминкањето е одлика на речиси секоја девојка. Постојат многу начини и трикови за шминкање кои ќе ја истакнат вашата убавина. Некои девојки сакаат понежна шминка, додека пак други се храбри и сакаат да експериментираат. Но, како и да е, кога станува збор за сенката за очи, постојат неколку бои кои би требалo да избегнувате да ги нанесувате на вашите очни капаци. Во продолжение погледнете за кои станува збор.rnrn
rn
1. Црвена
rnЦрвената боја е одлична за вашите усни, а исто така и за вашите образи. Но, со сигурност оваа боја треба да избегнувате да ја нанесувате на вашите очи. Таа не е погодна за повеќето жени, освен ако не планирате да отидете на некоја карневалска забава. Црвената боја прави да изгледате уморно, наместо да ви даде пријатен изглед. Сите жени сакаат да го сокријат црвенилото околу очите, а не истото да го истакнат. Сепак, доколку сте голем љубител на оваа боја, тогаш настојувајте тоа да биде некоја посветла нијанса или во најдобар случај розова.rnrn
rn
2. Не користете сенка во боја слична на вашата кожа
rnСенката за очи која е премногу слична со вашата природна боја на кожата е исто така нешто што треба да го избегнувате, затоа што ќе направи да изгледате уморни. Исто така треба да избегнувате и бронзена и многу портокалова нијанса.rnrn
rn
3. Светкава сенка над очниот капак
rnСветкавата сенка за очи понекогаш изгледа убаво, но можеби не ќе можете да ги почувствувате придобивките, доколку не ја користите правилно. Нанесете ја на очните капаци, но не премногу високо до веѓите. Подобро е да користите мат сенка за над очниот капак.rnrn
rn
4. Светла боја без надополнување од неутрална боја
rnНеутралните нијанси треба да ги користите секогаш кога употребувате повеќе шарени сенки за очи. Кафеавиот или црн ајлајнер ќе ви даде подобар изглед, па можете да комбинирате со повеќе бои.rnrn
rn
5. Не оставајте ништо вишок
rnБидете умерени и кога користите сенка за очи. Настрана од некои нијанси кои не се многу блескави, прекумерното користење живописни бои може да го уништи вашиот изглед. Бидете внимателни кога ги нанесувате нијансите за да оставите подобар впечаток.rnrn