КАФЕ ПАУЗА

19 факти за нашиот свет што ќе збунат многумина

19 факти за нашиот свет кои ќе збунат многумина

Како предат мачките? Колку биле брзи диносаурусите? Многу интересни факти се изоставени за време на училишните часови, но никогаш не е доцна да го проширите вашето знаење.rnrn19 факти за нашиот свет кои ќе збунат многуминаrn

1. Мачките се левораки и деснораки

rnНаучниците од Кралскиот универзитет Белфаст направиле истражување кое докажало дека мачките ја користат истата шепа за играње или земање храна. За разлика од луѓето, бројот на левораки и деснораки мачки е речиси ист.rn

2. Пред 500 години лубениците изгледале поразлично

rnОва овошје дошло од Африка во Европа и изгледало многу поразлично пред 500 години. Денешниот изглед лубениците го имаат од селективното производство.rn

3. Ако ви е страв од пајаци имате поголеми шанси да ги видите

rnПричината за ова е што нашето внимание е насочено според приоритети, каде што најважните нешта се забележуваат први. Ако ви е страв од пајаци, автоматски ги ставате на врвот на листата, па полесно ги забележувате.rn

4. Сонцето е бело

rnИако сонцето е познато како жолта џуџеста ѕвезда, неговата боја е многу поразлична. Всушност, сонцето е бело, но нам ни изгледа жолто поради атмосферата.rnrn19 факти за нашиот свет кои ќе збунат многуминаrn

5. Индиските ореви растат на „јаболка“

rnОвој плод расте на таканареченото „јаболко за индиски ореви“ што всушност е жолто или црвено стебло од 10-тина центиметри. Според ботаничките термини, ова „јаболко“ е овошје-аксесоар што расте на семето на индискиот орев.rn

6. Мачките предат со помош на гласните жици

rnПоследните истражувања покажале дека механизмот за предење на мачките е мала група коски. Лоциран е помеѓу долниот дел на черепот и коренот на јазикот.rn

7. Чистиот сафир е поскап од дијамантот

rnМитот за високата вредност на дијамантите се појавил во 20-тиот век благодарение на рекламната кампања на компанијата Де Бирс. Слоганот „Дијамантите се вечни“ бил создаден во 1947-ма година и Мерлин Монро била заштитното лице. Но високата цена на дијамантите не е поврзана со ништо. Сафирот, од друга страна, бил ценет уште во древна Персија и неговата цена може да биде многу повисока од онаа на дијамантите.rn

8. 10% од коските на мачките се во нивните опашки

rnТелото на мачката има отприлика 240 коски а 23 од нив се наоѓаат во опашката.rnrn19 факти за нашиот свет кои ќе збунат многуминаrn

9. Модерните средства против инсекти не ги плашат инсектите, туку ги кријат луѓето

rnХемикалиите во овие средства им ги блокираат рецепторите на инсектите кои им помагаат да ги пронајдат своите жртви.rn

10. Венера и Уран ротираат спротивно од стрелките на часовникот

rnСите планети во Сончевиот систем ротираат во насока на стрелките на часовникот. Венера ротира од исток кон запад, а оската на Уран е малку навалена, па тој ротира речиси странично.rn

11. Знакот за долар ($) е постар од банкнотата

rnСпоред приказната која е веројатно најточна, шпанските пезети кои биле користени во Америка биле обележувани со симболот $. Пезетата била запишувана како PS, а со текот на времето буквите се поклопиле и се добил симболот.rnrn19 факти за нашиот свет кои ќе збунат многуминаrn

12. Францускиот бил официјален јазик во Англија над 600 години

rnФранцускиот бил официјалниот јазик на правдата и судот до 18-тиот век. Мотото на грбот на Велика Британија, е напишано на француски и во парламентот и ден денес се користат некои француски фрази.rn

13. Авијаторските очила биле направени за војници

rnИмето на овие очила е навистина логично. Тие биле создадени во 1938-ма година за американските пилоти, и им биле достапи само ним. Популарноста на очилата се зголемила по Втората светска војна, кога обичните американци се обиделе да ги копираат воените ветерани кои се враќале дома.rn

14. Облаците се движат со брзина од 150 километри на час

rnЛуѓето мислат дека облаците патуваат многу бавно, но нивната брзина е голема. Брзината зависи од нивната висина и брзината на ветрот и често се побрзи од воз.rnrn19 факти за нашиот свет кои ќе збунат многуминаrn

15. Луѓето не можат да киваат за време на спиење

rnКивањето настанува поради иритација на носниот канал. Кога спиеме нашата чувствителност е многу помала и импулсите не се толку силни. Но ако има многу силна арома, како на пример чад, човечкото тело ќе се разбуди.rn

16. Во Австралија ист број луѓе умираат од пчели, змии и пајаци

rnИако Австралија е позната по отровните змии и пајаци, пчелите се исто толку опасни. Односно, стапката на смрт е речиси иста. Отровот на пчелите може да предизвика сериозна алергиска реакција, а многу луѓе ја потценуваат опасноста од нив и касно бараат лекарска помош.rn

17. Лихтенштајн и Хаити имаат слични знамиња

rnИсториски, и двете држави одбрале знаме со 2 хоризонтални линии – една сина и една црвена. Ова останало незабележано долг период и за време на Олимписките игри во 1936-та настанала непријатна ситуација. Оттогаш државата Лихтенштајн вметнала и круна на своето знаме.rn

18. Тираносаурусот рекс не можел да трча

rnНаучниците од Универзитетот Манчестер направиле компјутерски модел со кој се покажало дека овој диносаурус не можел да трча, па одел брзо. Тој тежел над 7 тони и трчањето било лошо за неговиот скелет.rn

19. Правилното име на Калигула е Гај Цезар

rnИмператорот го добил прекарот Калигула во детството, и прекарот значи „чизмата на малиот војник“. Вистинското име на овој тиранин е Гај Јулиј Цезар Август Германик.rnrnПрочитајте ги и овие факти што нема да можете да ги извадите од глава.