Познато е дека многу жени патат од мигрени. Но, ако не сте сигурни дека вашите главоболки се мигрени, можеби би требало малку подетално да се преиспитате. Според научните истражувања, мигрените се трипати почести кај жените отколку кај мажите, а дури кај половина од нив оваа состојба не е дијагностицирана. Па, што точно се мигрените и што ги предизвикува?rnrn
rnrnМигрената е болест што го напаѓа човечкиот мозок и предизвикува различни непријатни симптоми, кои се проследени со главоболка и можат да траат од 4 часа до 3 дена. Иако точниот причинител на мигрените е непознат, се претпоставува дека и гените и животната средина играат голема улога при предизвикувањето на оваа болест.rnrnМигрените предизвикуваат промени во хемиските реакции во организмот и влијаат на периферниот и централниот нервен систем. Симптомите на мигрените се појавуваат ненадејно. Постојат неколку универзални симптоми, а останатите се уникатни за секој кој страда од нив. Во продолжение следуваат најчестите симптоми за мигренски напад.rn
1. Болка на една страна од главата
rnМигрените се многу поостри од обичната главоболка и најчесто ја опфаќаат само едната половина од главата.rn
2. Слабост во телото
rnМигрените предизвикуваат вкочанетост и слабост на телото. На некои луѓе дури толку многу им влијаат што тие едвај зборуваат.rn
3. Мачнини и повраќање
rnЗа време на мигренскиот напад, голем број луѓе чувствуваат мачнина и вртоглавица. Некои можеби дури и ќе почувствуваат нагон за повраќање.rn
4. Болка во вратот
rnСе смета дека нервот што ја предизвикува мигрената, поминува низ вратот и ја испраќа сигнал за болка во горниот дел од ‘рбетниот мозок.rnrnАко сметате дека ги имате сите овие симптоми, најдобро е да се консултирате со вашиот доктор за да почнете со терапија и да ги намалите ефектите од мигрената. Во меѓувреме, погледнете ги и следниве 8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен.