КАФЕ ПАУЗА

Што открива вашата профил-слика на Фејсбук за вас?

Пред да одлучите по којзнае кој пат да ја промените вашата профил-слика на Фејсбук, размислете добро што ќе откриете со новата, бидејќи изборот на фотографијата открива многу повеќе за вас одошто мислите.rnrn0-shto-otkriva-vashata-profil-slika-na-fejsbuk-za-vas-kafepauza.mkrnrnСлика со партнерот поставуваат несигурни личности кои потврда за сопствената вредност наоѓаат во избраникот на своето срце. Ситуацијата е уште побезнадежна доколку изберат слика од свадба, со што на своите Фејсбук-пријатели им порачуваат: „Погледнете ме, во брак сум, успеав во животот“.rnrnСлично е со оние личности кои за профилна слика избираат фотографија од своето дете – тоа се обично луѓе кои упорно зборуваат за пелени и болестите на своите деца и на кои единствен успех во животот им е што постанале родители.rnrnАко изберете сопствена слика од детството, носталгични сте и мислите дека во минатото сѐ било подобро. Веројатно и понатаму слушате стара музика, сметате дека „Пријатели“ е најдобрата ТВ серија која некогаш била снимена и не признавате ниедна книга напишана после 19 век.rnrnИзборот на уметничка фотографија, најчесто црно-бела, говори дека зад неа се крие писател, архитект, актер или личност која е сигурна во своите уметнички, иако можеби никогаш непотврдени таленти.rnrnАко пак посакате да го поставите Хомер Симпсон покрај вашето име или некој друг лик од филмовите, размислете уште еднаш, бидејќи со тоа кажувате дека немате сопствена личност.rnrn1-shto-otkriva-vashata-profil-slika-na-fejsbuk-za-vas-kafepauza.mkrnrnНајдобра порака оставате кога поставувате своја фотографија, но не е сеедно каква. Луѓето кои сами себеси се фотографираат, позирајќи како манекени, всушност се многу несигурни во својот физички изглед.rnrnОние кои избираат да се сликаат од далеку така што не би можел никој да ги препознае, се срамежливи личности и остануваат резервирани додека некого добро не го запознаат.rnrnФотографија на која јасно се распознава ликот, зборува за самоуверена, иако по малку, здодевна личност.