Автор: Маја ЛинковаrnrnЗамислете го ова… Се будите, ја земате шолјата кафе и тргнувате кон една од најубавите плажи на светот. Седите под палмите и се опуштате со свежо подготвени морски деликатеси кои ви ги послужуваат на плажата. Да, совршено, но дали сакате да дознаете уште нешто за Малдиви?rnrn
rnrn1. Република Малдиви е островска држава на Индискиот океан, југозападно од Индискиот полуостров. Се состои од околу 1.200 острови, групирани во 26 атоли (корални острови). Од овие острови, околу 200 се ненаселени, останатите 80 се користат само за туризам.rnrn2. Малдиви нуди разни занимливости, па затоа треба да го посетите и главниот град Мале. Препорачливо е да се посети Националниот музеј, најстарата зграда во Мале и поранешната кралска палата која е претворена во музеј, а експонирани се облека, алати, оружје и престоли кои им припаѓале на кралевите. Исто така можат да се видат прекрасни примери на традиционална уметност на лакирано дрво (полиците на кои се ставале подароците кои биле наменети за кралевите) и мошти од предисламската ера.rnrn
rnrn3. Интересно е што кога пристигнувате на Малдиви, а сте настроени нудистички, заборавете на својата желба. На Малдиви нудизмот не се прифаќа, ниту пак топлесот. Не е препорачливо да тргнете некаде со костим за капење, освен ако не сте на плажа. Тоа не смеете да го правите ниту во хотел или хотелскиот бар на плажата.rnrn4. Дали знаевте дека Малдиви е основан од синот на индискиот крал Калинга, или дека писменоста на граѓаните изнесува 98%?rnrn
rnrn5. Исто така, ако сте бизнисмен, веројатно би ве интересирала и можноста да одржете состаноци во тиркизно чистото море. Да, и тоа е возможно!rnrn6. Интересен е и фактот дека на островот владее само една вера, и тоа исламот.rnrn
rnrn7. Неповрзано со претходниот факт – алкохолот е достапен исклучиво во хотелските комплекси.rnrn8. И да, она што е тажно, е дека Малдиви за 100 години нема да постои. Тоа ќе биде предизвикано од морето, поради глобалното затоплување кое во иднина ќе го поплави копното, чие највисоко ниво е 6 метри. Така што побрзајте, навистина е прекрасно таму.rnrn
Факти што не ги знаевте за Малдиви
