Доколку мислите дека не постои голема љубов и дека тоа се случува само во романтичните филмови, престанете со тоа. Нормално е да ги носите овие стравови, а доколку не работите на себе, само ќе ја одбивате вашата сродна душа.rnrn
rnrnМногу е поедноставно да бидете во обична врска, да заработувате малку, да се жалите дека ви е тешко и да ширите тага, отколку да преземете контрола над животот.rnrnСето ова ви е полесно бидејќи кај вас постојат потсвесни чувства и уверувања кои ви велат дека е опасно да имате голема љубов, многу пари и добри нешта. Една од најчестите блокади е мислењето дека ќе ве отфрлат ако сте поразлични, дека нема да бидете прифатени, дека ќе останете сами и ќе ја изгубите љубовта од другите.rnrnПостојат многу блокади кои не ѝ дозволуваат на љубовта да дојде во вашиот живот. Често не знаете како да ја примите или дадете таа љубов, никој не ви покажал, немате искуство и мислите дека другата личност ќе ве повреди доколку ѝ се отворите. Страв ви е од сродната душа бидејќи таа ги знае сите ваши слаби точки, предобро ве познава. Ова се личности кои можат да ви дадат најмногу, но истовремено можат да ве повредат најмногу.rnrnИсто така ви е страв да го напуштите познатиот терен и да излезете од удобната зона. Сте научиле да живеете без љубов бидејќи на тој начин сте посигурни. Можно е и некогаш одамна да сте си кажале дека ќе бидете сами, бидејќи така полесно ќе се развивате. Понекогаш верувате дека не сте доволно добри или привлечени за љубовта да дојде во вашиот живот. А можеби пак сте имале толку многу врски и сте изгубиле делчиња од душата кои останале со другите луѓе.rnrnВо тој случај, од универзумот барате никој да не може да влезе во вашиот живот. Доколку имате некои од овие потсвесни блокади можно е воопшто да не ја препознаете, па дури и да ја избркате сродната душа. Ако започнете врска, таа нема да трае. Од некоја причина нема да ја препознаете. Најчесто ова се случува кога не постои здрава комуникација помеѓу партнерите, кога не се слушаат, кога ги потиснуваат чувствата наместо да ги искажат.rnrnТогаш доаѓа до раскинување, развод, па дури и болести. Се случува во врската да исчезне романтиката, па дури и хемијата која ја чувствувале партнерите. Тие како да стануваат пријатели и ништо повеќе. За да се осигурате дека ќе ја привлечете сродната душа, мора да работите на себе. Мора да се засакате и прифатите, а на крај да си простите. Тогаш ќе можете да привлечете исто таква личност, со која животот ќе ви изгледа добро.rnrnЛуѓето привлекуваат повеќе негативни отколку позитивни работи. Кога ја барате сродната душа, важно е да бидете внимателни со желбите, бидејќи можете да го добиете токму тоа. Имено, кога вистински сакате нешто, имате дури 80% шанси да го добиете. Освен физичките карактеристики, треба да барате сродна душа со одлики како љубов, искреност, разбирање, верност…. Често луѓето мислат дека односот со сродната душа ќе биде совршен, без расправии, без недоразбирања. Но, ова е нереално. Исто така, ако очекувате сродната душа да ве исполни, спаси, да ви донесе среќа или да ви ги реши проблемите, тогаш сте на погрешен пат.rnrnОва се нешта што самите треба да ги направите, а дури потоа можете да се надевате дека сродната душа ќе ви помогне да станете посилна личност.rnrnСродните души се препознаваат од минатото. Тие патуваат заедно низ просторот и времето и кога ќе се сретнат чувствуваат хемија, интимност, љубов и блискост како да не знаат за ништо друго. Ќе ви биде убаво со оваа личност, ќе сакате да ја гледате и да минувате време со неа. Тоа ќе ви дава мотивација, ентузијазам и енергија. Се разбира, потребно е и другата личност да го чувствува ова.rnrnДоколку чувствата не се обострани, тогаш можеби ова не е вистинското време и треба да почекате. Сродната душа треба да ви го олесни животниот пат, а не да го направи потежок. Доколку мислите дека сте со вашата сродна душа, но нештата не се одвиваат најдобро, тогаш треба и двајцата да работите за напредок. Доколку ни тогаш не успева, можеби треба да најдете друга сродна душа – секој од нас има по 2-3 компатибилни души.rnrnНекои од знаците дека сте ја сретнале сродната душа се треперење, трпнење по телото и интензивно работење на срцевата и сакралната чакра. Најважното е да верувате дека сте вредни и достојни за љубов, дека сте подготвени да ја пречекате во вашиот живот и да знаете што сакате и да не се плашите.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата сродна душа наскоро ќе се појави во вашиот живот.
Дали ја одбивате вашата сродна душа од себе?
