Изминативе неколку години белите тетоважи навистина се прославија, особено помеѓу жените. Додека повеќето тетоважи се изработуваат со црна боја и други нијанси, белите тетоважи имаат само бела боја.rnrn
rnrnИако изгледаат навистина неверојатно, белите тетоважи имаат неколку недостатоци. Доколку размислувате за бела тетоважа, ова се нешта кои треба да ги земете предвид.rn
1. Дали белите тетоважи се потешки за изработка?
rn
rnrnБелите тетоважи се изработуваат на истиот начин како и сите. Разликата е само во бојата.rn
2. Дали се поболни од „обичните“ тетоважи?
rn
rnrnПовеќето луѓе сметаат дека нанесувањето на белата боја е поболно бидејќи најчесто се користи на крајот, кога кожата е веќе иритирана. Клиентите мислат дека болката е поради белата боја, кога всушност не е. На иритираната кожа на крајот од тетовирањето, секоја боја ќе биде поболна.rn
3. Која боја на кожа е најпогодна за бели тетоважи?
rn
rnrnИако повеќето луѓе мислат дека белата тетоважа ќе се гледа подобро на темна кожа, важи спротивното. Колку е посветла кожата, толку подобро ќе се гледа тетоважата.rn
4. Дали и белите тетоважи избледуваат со текот на времето?
rn
rnrnУште при процесот на зараснување, повеќето бели тетоважи почнуваат да исчезнуваат или остануваат само како белег. Луѓето кои сакаат бели тетоважи обично гледаат фотографии на Интернет и очекуваат тетоважата трајно да изгледа така. Но, тоа се слики направени веднаш по тетовирањето и не покажуваат како изгледа тетоважата по зараснувањето.rn
5. Постои ли разлика во негата на белите и „обичните“ тетоважи?
rn
rnrnНегата за сите тетоважи е иста.rnrnДоколку барате идеја за вашата тетоважа, погледнете ги овие неверојатни еднолиниски тетоважи.