КАФЕ ПАУЗА

4 причини зошто треба да читате повеќе книги во 2019-та година

4 причини зошто да читате повеќе книги во 2019-та година

Written by

in

,

Секој вели дека сака да чита повеќе, но многумина не успеваат да го направат тоа. Вистината е дека читањето одзема многу време. Денес сите ние сме зафатени повеќе од кога било, па секој се обидува да го искористи слободното време за нешта што го стимулираат умот. Доколку сте загрижени за времето потребно за читање, добрите вести се тоа што со текот на времето ќе почнете да читате побрзо. Покрај тоа од читањето има неверојатни придобивки, а следниве 4 ќе ве натераат уште денес да се опуштите со добра книга.rnrn4 причини зошто да читате повеќе книги во 2019-та годинаrn

1. Читањето го намалува стресот

rnЧитањето не само што ве смирува, туку ве смирува подобро од вежбањето, слушањето музика или релаксирањето со шолја чај. Со само 6 минути читање, нивото на стрес се намалува за една третина, со тоа намалувајќи го притисокот на срцето и циркулаторниот систем.rn

2. Читањето ја спречува Алцхајмеровата болест

rnАко го цените вашиот ум, читањето е одличен избор за рекреација. Ова не е само поради лекциите што можете да ги научите од книгите, туку и поради тоа што читањето го намалува ризикот од Алцхајмеровата болест. Активностите што го стимулираат умот, како читањето книга или пишувањето писмо, ги вежбаат деловите од мозокот кои „одредуваат“ колку ќе ви биде добра меморијата подоцна во животот. Па, стекнете навика за читање порано, искористете ја најдобро што можете и вашиот ум ќе остане бистар уште долго.rn

3. Читањето ја зголемува среќата и целокупното животно задоволство

rnЛуѓето кои редовно читаат се посреќни бидејќи книгите ни даваат покомплексни слики за животите на другите. На овој начин добивате повеќе перспективи и за вашиот живот. Ова ќе ви помогне полесно да ги разберете вашите опции. Воглавно, книгите ви даваат појасна слика за животот и ви помагаат да ја зачувате перспективата, а тоа ве прави посреќни.rn

4. Читањето ја зголемува емпатијата и емоционалната интелигенција

rnЕдна од големите тајни на животот на возрасните е тоа дека најважните нешта нема да ги научите во канцеларија или училница. Најважните нешта се учат од проучување на добри концепти или идеи кои се најдобро овозможени од книгите. Книгите не само што ја зголемуваат емоционалната интелигенција, туку ќе ви го продолжат животот, ќе ви ја зголемат емпатијата, па дури и ќе ви помогнат да избегнувате опасни ситуации. За сето ова нема потреба да трошите многу време на читање, доволно ви се само 3 часа неделно.rnrnДознајте и зошто читањето книги може да ве направи посреќни.